Од 50-тата седница на Владата: МВР доби задолжување да утврди одговорност за настанот во Струга и за прославата на Денот на полицијата заради сериозно прекршување и непочитување на мерките за заштита од КОВИД-19; За време викендот забраната за движење започнува во 19:00 часот, а завршува во 05:00 часот наредниот ден

Објавено на: 08.05.2020 | 20:05
Категории: Седници на Влада

Владата на Република Северна Македонија на 50-тата седница што се одржа денеска донесе одлука за скратување на забраната за движење за време на викенд.

Почнувајќи од утре (09.05), во сабота и недела, граѓаните ќе можат да се движат во периодот од 05:00 часот до 19:00 часот.

Според одлуката на Владата, во сабота и недела, сите млади лица под 18 години ќе можат да се движат од 13:00 до 19:00 часот, а сите возрасни граѓани над 67 години ќе можат да се движат од 05:00 до 12:00 часот.

Во сила остануваат сите други мерки за заштита од КОВИД-19 донесени од Владата.

Владата на Република Северна Македонија на денешната 50-та седница го задолжи Министерството за внатрешни работи, веднаш да го испита случајот со одржувањето на верскиот настан во текот на вчерашниот ден во Струга, како и прославата организирана од Министерството за внатрешни работи по повод одбележувањето на Денот на полицијата на Република Северна Македонија, кои претставуваат сериозно непочитување и прекршување на воведените забрани со одлуките, мерките и препораките донесени од страна на Владата, да утврди одговорност и да се преземат соодветни мерки кон одговорните лица и за истото да ја информира Владата на Република Северна Македонија.

На оваа своја седница Владата го осуди и вербалниот напад врз новинарот на ТВ Клан на настанот со кој се одбележуваше Денот на полицијата и побара од МВР да се поведе постапка за утврдување одговорност за ваквото однесување и да се санкционират сторителите.

Владата денеска донесе дополнување на Уредбата за примена на Законот за градење за време на вонредна состојба со која се продолжува рокот на важење на одобренијата за градење кој е истечен за времетраењето на вонредната состојба, како мерка за справување со последиците од коронавирусот за 60 дена од денот на престанокот на вонредната состојба.

Владата го прифати усогласениот текст на Протоколот за донација и Анексот кон Протоколот меѓу Министерството за одбрана на Република Северна Македонија и Министерството за одбрана на Кралството Норвешка и ја овласти заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска да го потпише протоколот, кој освен мобилната болница ROLE 2 MTF на Армијата на Република Северна Македонија која е ставена во оперативна употреба како дел од Клиниката за инфективни болести во Клиничкиот центар Скопје, вклучува и финансиски  средства во висина од 200.000  евра за потрошен медицински материјал.

Владата на оваа седница ја прифати информацијата на Министерството за труд и социјална политика со предлог реализацијата и спроведувањето на Проектот за користење бесплатна услуга одмор и рекреација на деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток да се одложи, односно проектот да не се реализира за лето 2020 година.

На денешната седница Владата го именуваше Миле Сугарев за в.д. генерален директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија кој доаѓа од позицијата директор на Секторот за финансиски прашања на ФЗОРСМ.

Последна прес-конференција

Филипче: Стратегијата на широко и интензивно тестирање, вклучувајќи и контакти на позитивните по индикација дава резултати

Филипче: Стратегијата на широко и интензивно тестирање, вклучувајќи и контакти на позитивните по индикација дава резултати

https://youtu.be/89Rfa8uESOg Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција информираше за најновата состојба со вирусот КОВИД-19 во нашата земја. Тој информираше и за статистиката во врска со пациентите, состојбата во болниците,...

Последна седница

Од 76-та седница на Владата: Донесени протоколите за работата на базените и плажите; Се укина одредбата од протоколот за работа на кафулиња и ресторани на една маса да седат двајца, или четворица само ако се во роднинска врска; Земјата се приклучува кон глобалната набавка на вакцини за КОВИД-19

Владата на Република Северна Македонија на денешната 76-та седница ги усвои протоколите што ги предложи Комисијата за заразни болести, а кои се однесуваат на работата на базените и на плажите во тек на пандемија со КОВИД-19. Согласно Протоколот за работата на плажите...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Од 76-та седница на Владата: Донесени протоколите за работата на базените и плажите; Се укина одредбата од протоколот за работа на кафулиња и ресторани на една маса да седат двајца, или четворица само ако се во роднинска врска; Земјата се приклучува кон глобалната набавка на вакцини за КОВИД-19

Од 76-та седница на Владата: Донесени протоколите за работата на базените и плажите; Се укина одредбата од протоколот за работа на кафулиња и ресторани на една маса да седат двајца, или четворица само ако се во роднинска врска; Земјата се приклучува кон глобалната набавка на вакцини за КОВИД-19

Владата на Република Северна Македонија на денешната 76-та седница ги усвои протоколите што ги предложи Комисијата за заразни болести, а кои се однесуваат на работата на базените и на плажите во тек на пандемија со КОВИД-19. Согласно Протоколот за работата на плажите...

Од 75-тата седница на Владата: Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина за влез во земјата мора да приложат негативен ПЦР тест

Од 75-тата седница на Владата: Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина за влез во земјата мора да приложат негативен ПЦР тест

Владата на Република Северна Македонија на 75-тата седница што се одржа денеска, донесе дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, со која од државјаните на Република Србија, Република Косово, Црна Гора и Босна и...

Од 73-тата седница на Владата: Престанува да важи забраната за одржување спортски натпревари, ќе се одржуваат без публика; Донесени протоколи за работа на музеи, галерии, за работа на компании за промотивни настани; Одлука за постоење кризна состојба на јужната и северна граница; За три пати се зголемува опфатот на граѓани за вакцинирање од сезонски грип

Владата на Република Северна Македонија на денешната 73-та седница донесе измени и дополнувања на Протоколот за редовна работа на уплатно-исплатни места на приредувачите на игри на среќа во обложувалница (трета фаза), измени и дополнувања на Протоколот за работа на...