fbpx

Клиниката за хематологија со совети и препораки за пациентите во услови на КОВИД-19

Објавено на: 30.04.2020 | 11:04
Категории: Препораки

Универзитетска Клиника за хематологија-Скопје во периодот на вонредна состојба предизвикана од ширењето на COVID-19 болеста работи со полн капацитет, согласно препораките за работа на Министерство за здравство на Република Северна Македонија.

Секојдневно се спроведуваат мерки кои имаат за цел заштита и максимална безбедност на пациентите и медицинскиот персонал, истовремено обезбедувајќи им на пациентите 24 часовен континуиран специфичен третман.

Најважна улога во превенцијата на COVID-19 кај хематолошките болни има контролата на основната хематолошка болест.

Поспецифични препораки за најчестите хематолошки заболувања.
– Агресивни лимфоми – Не се препорачува промена или одложување на иницијалната терапија.

– Индолентни лимфоми – Се препорачува започнувањето на терапија да се одложи колку што е можно подолго, односно „watch and wait“ пристап. Кај пациентите кои треба да продолжат со терапија на одржување со Rituximab, се препорачува истата да се одложи, а доколку веќе се на терапија на одржување, да се прошират временските интервали на апликација помеѓу циклусите.

– Hodgkin Lymhoma –Доколку е возможно, радиотерапијата треба да се избегнува, бидејќи се спроведува во повеќекратни сесии, кои бараат чести болнички посети.

– Аутна лимфобластна леукемија – Кај акутните леукемии, ставовите се поинакви. Задолжително е тестирање за SARS-CoV-2 со PCR метода пред да се започне лекување и веднаш да се започне лекување со стандардна терапија кај COVID-19 негативните пациенти.

– Миелодиспластичен синдром – Кај миелодиспластичните синдроми со низок ризик, се дава предност на еритропоетин-стимулирачките агенси пред трансфузија со еритроцити, која се ограничува само во ситуации кога е стриктно индицирана.

– Миелопролиферативни неоплазми ( Ph+ и Ph-) – Кај новодијагностицираните пациенти со миелопролиферативни неоплазми, вклучувајќи ја и хроничната миелоична луекемија, сите лекови може да бидат безбедно отпочнати, освен што постои резерва за отпочнување на терапија сo JAK2-инхибитори – Ruxolitinib. Kaj веќе дијагостицираните пациенти, кои се на терапија со тирозин киназни инхибитори (ТКИ), хидроксиуреа терапијата редовно продолжува, со тоа што болничките посети треба да се заменат со комуникација преку дигиталните апликации( вибер, е-маил и телефонски број).

– Мултипен миелом – Иницијалната терапија, како за пациентите кандидати за трансплантација, така и за пациентите кои се непогодни за трансплантација, не треба да се менува. Истото важи и за терапијата на одржување.
Како да се превенира развој на COVID-19 кај пациентите со малигни хематолошки заболувања и пациентите кај кои е спроведена трансплантација на коскена срцевина? Дали постојат специфични препораки?

• Kако и кај општата популација, важат мерките за избегнување на контакт и социјално дистанцирање. Закажувањето на пациентите во болички термини точно временски се планира, со цел да се одржува соодветно растојание од 1-2 метри помеѓу пациентите во чекалните.
• Редовна хигиена на раце со сапун и вода, со средства за дезинфекција на раце.
• Употребата на заштитни маски е задолжителна во услови кога е невозможна контактна изолација. Во однос на заштитните маски, тие генерално се делат во две групи:                              1) хируршки маски и

2) високо протективни респиратори – KN95,FFP2/3.

Треба да се внимава која маска кој и кога треба да ја употребува. Хируршките маски штитат од трансмисија на вирусот од инфицирани лица со/ без симптоми. За разлика од нив, FFP2/3 маските штитат од здобивање на вирусна инфекција само кај оној кој ја носи, а не ги заштитува од трансмисија на вирусот останатите лица во собата.

• Неопходно е да се почитуваат мерките за самоизолација, а во одредени случаи и карантин, за време и пред започнување на хемотерапија. Пациентите треба внимателно да се едуцираат за овие мерки и да добијат и пишани инструкции.

• Во однос на профилаксата со интравенски имуноглобулини, треба да се потенцира дека овие имуноглобулини не се специфични за вирусот и затоа, не обезбедуваат специфична вирусна заштита. Интравенските имуноглобулини треба да се аплицираат во согласност со ЕМА препораките, односно кај пациентите со тешка хипогамаглобулинемија, кои имаат чести инфекции.

• Бактериските суперинфкеции можат да бидат дополнителен проблем, меѓутоа антимикробна профилакса со употреба на G-CSF и антибиотици надвор од вообичаените препораки, не се препорачува! Досегашните податоци од студии кај трансплантирани пациенти во ран посттрансплантационен период ( до 90 дена ) со респираторна вирусна инфекција,  покажуваат дека профилактичката употреба на антибиотици претставува независен ризик фактор за исходот од инфекцијата.

• Се препорачува вакцинација за сезонскиот грип и пневмококна вакцина.
• Од досегашните податоци, може да се заклучи дека сепак најважна улога во превенцијата на COVID-19 кај хематолошките болни, како и на другите респираторни вируси претставува контролата на основната хематолошка болест.
Хематолошките пациенти кои се сомневаат дека се заразени со COVID-19 потребно е:

o телефонски да се обратат кај својот матичен лекар,
o да ја наведат  хематолошката дијагноза,
o да ги наведат сите лекови кои ги користат, за да се овозможи  подобра проценка од матичниот лекар за натамошно постапување.
o препораката од матичниот лекар задолжително да ја почитуваат во целост.

За сите потребни информации пациентите можат да се консултираат со доктор од клиниката на следните телефонски броеви:
 075 477 240,
 075 477 241,
 075 477 242,
 075 477 243,
 075 477 244,
 075 477 245.

Последна прес-конференција

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска ја лансираа кампањата „За моментите на среќа - Вакцинирај се!“. Кампањата има за цел да ги информира граѓаните за придобивките од вакцинацијата како...

Последна седница

Владата ги укина одлуките за задолжителни сертификати или потврди за имунизација или прележаност од КОВИД-19 при влез во земјата

Владата ги укина одлуките за задолжителни сертификати или потврди за имунизација или прележаност од КОВИД-19 при влез во земјата

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница донесе одлука да ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и предлогот на Главниот координативен штаб, со која престанува да важи обврската на домашните и странските државјани кои влегуваат во...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Влада: Повикуваме на целосно почитување на мерките и препораките за време на празниците, да празнуваме одговорно!

Влада: Повикуваме на целосно почитување на мерките и препораките за време на празниците, да празнуваме одговорно!

Владата на Република Северна Македонија на сите граѓани им ги честита новогодишните и божиќни празници со апел во овој период да се почитуваат рестриктивните мерки и препораки за да се избегне зголемувањето на бројот на заболени од КОВИД-19. За периодот од 18 декември...

Здравствените работници порачуваат: Претстојните празници да ги прославиме во кругот на најблиските

Здравствените работници порачуваат: Претстојните празници да ги прославиме во кругот на најблиските

Ако нешто нѐ научи оваа 2020 година тоа е сигурно дека најважни се нашите семејства и нашите најблиски. Па така, и во тој дух да ги прославиме претстојните новогодишни празници во кругот на најблиските. Поминавме една исклучително тешка година и да се потсетиме дека...

Мерката на Владата за забрана на групирање на повеќе од четири лица на јавен простор има точно утврдени исклучоци

Мерката на Владата за забрана на групирање на повеќе од четири лица на јавен простор има точно утврдени исклучоци

Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за забрана за собирања во групи (групирање) на повеќе од четири лица на јавен простор, односно паркови, јавни површини или било каде на отворен простор во текот на целиот ден, цела седмица, која ја донесе на 18-тата...