fbpx

Носењето заштитна опрема на носот и устата е задолжително, забрането е групирање на повеќе од две лица, секое непочитување ќе се казнува

Објавено на: 28.04.2020 | 17:04
Категории: Известувања

Владата на Република Северна Македонија информира дека во сила остануваат да важат мерките за лична заштита, односно задолжителното носење заштитна опрема (маска, марама или шал) на устата и носот, во сите јавни објекти како државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, јавен превоз, чекални, здравствени институции и слично.

Носењето на заштитна опрема е задолжително и на отворени простори, секогаш кога не може да се одржува минимална дистанца од два метри меѓу граѓаните.

Заштитна опрема не е задолжителна за граѓаните кои престојуваат во двор на станбена семејна куќа, возат велосипед или спортуваат на отворено, (но со задолжително одржување на дистанца од два метри растојание), ако патуваат во моторно возило со лица кои заедно живеат,  како и ако се наоѓаат на отворено каде може да одржуваат дистанца од два метри.

За непочитување на Уредбата за носење на заштитна опрема, од 30-ти април предвидени се казни и тоа: во висина од 20 евра во денарска противвредност за физичките лица, а за компаниите каде не се почитуваат мерките за носење заштитна опрема за вработените и посетителите, предвидена е казна од 2.000 евра во денарска противвредност.

Владата информира дека на сила е и забраната за групирање на повеќе од две лица на јавни површини, при што во група од двајца не се вбројуваат децата под 14 години на тие лица, но овој исклучок важи само за термините кога е дозволено движење на млади лица, надвор од полицискиот час.

Министерството за внатрешни работи интензивно врши контроли на почитување на уредбите и одлуките донесени од Владата и секое непочитување ќе биде санкционирано согласно законските норми. 

Последна прес-конференција

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска ја лансираа кампањата „За моментите на среќа - Вакцинирај се!“. Кампањата има за цел да ги информира граѓаните за придобивките од вакцинацијата како...

Последна седница

Од 103-та седница на Владата: Донесени мерки и за излез од државата; Прифатен е предлогот наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар да започне онлајн во првите 14 дена, а во Кичево и Струга во првите 7;

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ги дополни мерките за спречување на проширувањето на вирусот што ја предизвикува заразната болест КОВИД-19 со кои од 1 септември 2021 година домашните и странски државјани и за излез од територијата на...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Денес се регистрирани 413 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 196.376 – Оздравени се 309 пациенти – пријавени се 9 починати лица

Денес се регистрирани 413 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 196.376 – Оздравени се 309 пациенти – пријавени се 9 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.025 тестирања, а регистрирани се 413 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 205, Куманово – 37, Велес – 20, Прилеп – 19, Битола – 15, Штип –...

Денес се регистрирани 412 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 195.542 – Оздравени се 459 пациенти – пријавени се 12 починати лица

Денес се регистрирани 412 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 195.542 – Оздравени се 459 пациенти – пријавени се 12 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.567 тестирања, а регистрирани се 412 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 207, Куманово – 34, Велес -26, Битола – 18, Кочани – 16, Кичево –...

Денес се регистрирани 130 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 195.132 – Оздравени се 423 пациенти – пријавени се 6 починати лица

Денес се регистрирани 130 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 195.132 – Оздравени се 423 пациенти – пријавени се 6 починати лица

Направени се 1.843 тестирања, а регистрирани се 130 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 88, Кавдарци – 10, Велес – 7, Прилеп – 6, Охрид и Крива Паланка – по 4, Куманово и Битола – по 3, Гостивар и Кичево – по 2, Демир Хисар – 1.Регистрирани сe 423 оздравени пациенти од:...