Досега во Република Северна Македонија врати околу 3000 граѓани кои беа ставени во државен карантин. За враќање на наши граѓани од странство досега имаше два повика и се` помина во најдобар ред. Немаме нови најави за организирање чартер летови за враќање наши граѓани. Нашиот апел е да останат таму каде што се со цел да не се загрозува нивното здравје и здравјето на другите луѓе. Ако има итни случаи, ние тоа го решаваме преки главниот координативен штаб.
Дали при третман на КОВИД 19 се размислува за алтернативи методи како хомеопатијата?
Нашата медицина ја темелиме исклучиво врз докази. Ова особено важи за најтешките пациенти кои се на интензивна нега. Кога се соочуваме со многу компликации при лечењето, се потпираме на нашите искуства. Со други, алтернативни методи – немаме искуство и со нив...