Претпоставуваме дека ова се темели на претпоставката дека вирусот нема да исчезне по првиот бран. Сепак, ние сметаме дека овие првични искуства се драгоцени и благодарение на нив ќе се амортизира бројот на пациенти во иднина.
Сега здравствените системи, не само кај нас туку и во светот, се на многу поголемо ниво на подготвеност. Сметаме дека не може да има многу полошо сценарио, барем не во смисла во смисла на силен притисок врз здравствениот систем како при првиот бран. Полека се дефинираат терапиите, но паралелно интензивно се работи и на изнаоѓање на вакцина.