fbpx

Може ли да се предвиди дали вирусот ќе исчезне по пикот епидемијата?

Објавено на: 28.04.2020 | 15:04
Категории: ЧПП

И по пикот на епидемијата и натаму ќе има луѓе кои ќе заболуваат од КОВИД-19. Вирусот нема да исчезне, но со рестриктивните и заштитните мерки очекуваме да има тренд на опаѓање. Во одреден период, по пикот на епидемијата, планираме да направиме скенирање на имунитетот на населението со цел да ги димензионираме и мерките.  

Останати прашања

Дали при третман на КОВИД 19 се размислува за алтернативи методи како хомеопатијата?

Нашата медицина ја темелиме исклучиво врз докази. Ова особено важи за најтешките пациенти кои се на интензивна нега. Кога се соочуваме со многу компликации при лечењето, се потпираме на нашите искуства.   Со други, алтернативни методи – немаме искуство и со нив...

Дали граѓаните задолжително треба да носат ракавици како мерка за заштита од КОВИД 19 при излегување надвор?

Доколку се внимава и не се манипулира  премногу околу устата и носот и  ако често се мијат рацете – ракавиците не се неопходни. Засега препорачуваме само задолжително носење на маска за...

Дали лице на кое му е препорачана самоизолација, за таа намена треба да користи боледување или годишен одмор како што сугерираат некои работодавци?

На сите пациенти кои што се отпуштаат од болница  им следува боледување кое го препишува матичниот лекар. За оваа намена, исто така, не треба да се користат денови од годишниот...

Дали има најавени нови чартер летови за враќање на наши граѓани од странство?

Досега во Република Северна Македонија врати околу 3000 граѓани кои беа ставени во државен карантин.  За враќање на наши граѓани од странство досега имаше два повика и се` помина во најдобар ред. Немаме нови најави за организирање чартер летови за враќање наши...

Како ги толкувате најавите на СЗО во врска со КОВИД-19, дека најлошото допрва доаѓа?

Претпоставуваме дека ова се темели на претпоставката дека вирусот нема да исчезне по првиот бран. Сепак, ние сметаме дека овие првични искуства  се драгоцени и благодарение на нив ќе се амортизира бројот на пациенти во иднина.  Сега здравствените системи, не...

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank