fbpx

За првомајските празници, во петок, сабота и недела, ограничувањето на движењето почнува во 14:00 часот

Објавено на: 28.04.2020 | 14:04
Категории: Известувања

На денешната 47-ма седница, Владата на Република Северна Македонија донесе одлука за ограничување на движењето на граѓаните на територијата на целата држава за време на првомајските празници.

blank

На 1, 2 и 3 мај, односно петок, сабота и недела, ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05:00 часот наутро до 14:00 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 14:00 часот и ќе трае до 05:00 часот наутро следниот ден.

За лицата над 67 годишна возраст, во петок, сабота и недела ќе биде дозволено движење од 05:00 часот наутро до 11:00 часот.

Сите деца и млади лица до 18 години, во петок, сабота и недела ќе може да излегуваат од 12:00 до 14:00 часот.

Остануваат на сила сите други мерки за заштита од КОВИД-19 донесени од Владата на Република Северна Македонија.

Последна прес-конференција

Премиерот Заев, еврокомесарот Вархеји и австриската министерка Едштадлер на заедничка прес-конференција: Денешниот ден е израз на солидарност и заедништво, а со вакцините од ЕУ и масовната вакцинација се олеснува товарот врз здравствениот систем

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, придружуван од министерот за здравство Венко Филипче, денеска, заедно со комесарот за соседство и проширување на Европската Унија Оливер Вархеји и сојузната австриска министерка за Европа и Устав,...

Последна седница

Од 68-ма седница на Владата: Одлука за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временски период на нивна примена

Преземете ја одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временски период на...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Филипче: Се намалува бројот на новозаразени со КОВИД, расте интересот кај граѓаните за вакцинација

Филипче: Се намалува бројот на новозаразени со КОВИД, расте интересот кај граѓаните за вакцинација

Епидемиолошката крива е во опаѓање и бројот на хоспитализирани пациенти во континуитет се намалува во изминатите денови, истакна на денешната прес-конференција министерот за здравство д-р Венко Филипче. Министерот посочи дека бројката на примени пациенти во КОВИД...

Денеска се регистрирани 25 нови случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани е 154.051 – Оздравени се 408 пациенти – Починати се 16 лица

Денеска се регистрирани 25 нови случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани е 154.051 – Оздравени се 408 пациенти – Починати се 16 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 1.016 тестирања, а регистрирани се 25 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 15, Куманово – 4, Прилеп, Тетово, Гостивар, Кичево, Берово и Виница...

Денеска се регистрирани 135 нови случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани е 154.026 – Оздравени се 298 пациенти – Починати се 14 лица

Денеска се регистрирани 135 нови случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани е 154.026 – Оздравени се 298 пациенти – Починати се 14 лица

Во последните 24 часа се направени 1.993 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 74, Куманово – 11, Битола – 7, Виница – 6, Прилеп , Тетово и Струмица – по 5, Охрид и Пробиштип – по 3, Велес, Штип, Кичево, Ресен и Радовиш – по 2...