Одговор: Лице кое врши занаетчиска дејност – барател на финансиска поддршка поднесува Барање за финансиска поддршка за исплата на финансиски средства до Управата за јавни приходи. Формата и содржината на Барањето за финансиска поддршка за исплата на финансиска средства ја пропишува Министерот за финансии.
Барањето се поднесува преку системот е-даноци на Управата за јавни приходи до 5- ти во месецот за претходниот месец, а комплетноста на Барањето го потврдува Управата за јавни приходи, во рок од 3 дена од денот на приемот на барањето.
Во Барањето, физичко лице кое врши самостојна дејност, дава Изјава за исполнетоста на условите од Уредбата, која е составен дел од Барањето.
Управата за јавни приходи ја известува Владата на Република Северна Македонија за физичките лица кои вршат самостојна дејност-баратели на финансиска поддршка кои ги исполниле условите за финансиска поддршка за исплата на финансиски средства.
Подетални информации за оваа поддршка може да се најдат на следниот линк.
Дополнителни прашања во врска со оваа и другите видови поддршка кој се реализираат преку УЈП можете да добиете на finansiska.poddrska@ujp.gov.mk или јавете се во контакт центарот 02/324-8040