ЗАГУБА (ДАНОЧНА ОСНОВА = НУЛА)
Обврзник на данокот на добивка кој искористил мерка за финансиска поддршка во износ од 14.500 месечно по вработен, НЕМА да ги враќа применитеата финансиски средства ако искажал ЗАГУБА како финансиски резултат во Билансот на успех за 2020 година, која е повисока од оданочивите расходи во Даночниот биланс.
Овој обврзник не формирал даночна основа за оданочување на добивката на АОП 40 од Даночниот биланс за оданочување на добивка – образец ДБ за 2020 година.
ДОБИВКА (ФОРМИРАНА ДАНОЧНА ОСНОВА)
Напомена: ФИНАНСИСКИ РЕЗУЛТАТ (ДОБИВКА или ЗАГУБА пред оданочување) + Оданочивите расходи ја формираат ДАНОЧНАТА ОСНОВА за данок на добивка.
Примената финансиска поддршка, обврзник на данокот на добивка би ја вратил ако искажал ДАНОЧНА ОСНОВА во Даночниот биланс за 2020 година (АОП 40), но максимимално најмногу до износот од 50% од ДАНОЧНАТА ОСНОВА.
Пример:
1) Добиена финансиска поддршка за 5 работници за месеците април и мај 2020 година | ||
[(5 х 14.500) х 2] = 72.500 х 2 | 245.000 | |
2) Даночна основа во Даночниот биланс за 2020 година | 68.000 | |
3) 50% од Даночна основа во Даночниот биланс за 2020 година | 34.000 | |
(68.000 х 50%) | ||
4) Работодавачот обврзник на данокот на добивка 17.000 би вратил вкупно (на три рати, по 5.667 месечно, во месеците април, мај и јуни 2021 година) | ||
5) Износ кој работодавачот обврзник на данокот на добивка НЕМА да го врати
(245.000 – 17.000) 228.000
Варијанта:
Даночна основа во Даночниот биланс за 2020 година 50% од Даночна основа во Даночниот биланс за 2020 година | 950.000 |
(950.000 х 50%) | 475.000 |
4) Работодавачот обврзник на данок на добивка би го вратил вкупниот износ на примена финансиска поддршка (на три рати, по 81.667 месечно, во месеците април, мај и јуни 2021 година) | 245.000 |
Правило:
Вкупниот износ на примена финансиска поддршка би ги вратил САМО оној работодавач, обврзник на данокот на добивка кој би искажал ДАНОЧНА ОССОНОВА за данокот на добивка ДВОЈНО повисока од примената финансиска поддршка (245.000 х 2) 490.000.
Подетални информации за оваа поддршка може да се најдат на следниот линк. Дополнителни прашања во врска со оваа и другите видови поддршка кои се реализираат преку УЈП можете да добиете на finansiska.poddrska@ujp.gov.mk или јавете се во контакт центарот 02/324-8040.