fbpx

Обврзник сум на годишен данок на вкупен приход. Може ли да ми го објасните делот за враќање на парите добиени за финансиска поддршка за плата како 50% од остварениот финансиски резултат? Ве молам да ми дадете примери за да го разберам? Дали ако остварам загуба треба да вратам?

Објавено на: 24.04.2020 | 20:04
Категории: ЧПП | ЧПП - Економски

ЗАГУБА – Обврзник на годишниот данок на вкупен приход кој искористил мерка за финансиска поддршка во износ од 14.500 месечно по вработен, НЕМА да ги враќа примените средства од финансиски средства ако искажал ЗАГУБА како финансиски резултат во Билансот на успех за 2020 година.

ДОБИВКА – Примената финансиска поддршка, обврзник на годишниот данок на вкупен приход би ја вратил ако искажал ДОБИВКА како финансиски резултат во Билансот на успех за 2020 година, но максимирано најмногу до износот од 50% од ДОБИВКАТА пред оданочување.

Пример:

  1. Добиена финансиска поддршка за 2 работници за месеците април и мај 2020 година

[(2 х 14.500) х 2] = 29.000 х 2 = 58.000

  1. Добивка пред оданочување во Билансот на успех 33.500
  2. 50% од Добивката пред оданочување во Билансот на успех

(33.500 х 50%) 16.750

  1. Работодавачот обврзник на годишниот данок на вкупен приход би вратил вкупно (на три рати, по 5.500 месечно, во месеците април, мај и јуни 2021 година) 16.500
  2. Износ кој работодавачот обврзник на годишниот данок на вкупен приход НЕМА да го врати

(58.000 – 16.500) 41.250

Варијанта:

Добивка пред оданочување во Билансот на успех, 50% од Добивката пред оданочување во Билансот на успех150.000
(150.000 х 50%)75.000
4) Работодавачот обврзник на годишниот данок на вкупен приход би го вратил вкупниот износ
на примена финансиска поддршка (на три рати, по 19.333 месечно, во месеците април, мај и јуни 2021 година) _____________________________________________________________________58.000

Правило:

Вкупниот износ на примена финансиска поддршка би ги вратил САМО оној работодавач, обврзник на годишниот данок на вкупен приход кој би остварил ДОБИВКА пред оданочување ДВОЈНО повисока од примената финансиска поддршка (58.000 х 2) 116.000.

Подетални информации за оваа поддршка може да се најдат на следниот линк. 

Дополнителни прашања во врска со оваа и другите видови поддршка кои се реализираат преку УЈП можете да добиете на finansiska.poddrska@ujp.gov.mk  или јавете се во контакт центарот 02/324-8040.

Останати прашања

Дали при третман на КОВИД 19 се размислува за алтернативи методи како хомеопатијата?

Нашата медицина ја темелиме исклучиво врз докази. Ова особено важи за најтешките пациенти кои се на интензивна нега. Кога се соочуваме со многу компликации при лечењето, се потпираме на нашите искуства.   Со други, алтернативни методи – немаме искуство и со нив...

Дали граѓаните задолжително треба да носат ракавици како мерка за заштита од КОВИД 19 при излегување надвор?

Доколку се внимава и не се манипулира  премногу околу устата и носот и  ако често се мијат рацете – ракавиците не се неопходни. Засега препорачуваме само задолжително носење на маска за...

Дали лице на кое му е препорачана самоизолација, за таа намена треба да користи боледување или годишен одмор како што сугерираат некои работодавци?

На сите пациенти кои што се отпуштаат од болница  им следува боледување кое го препишува матичниот лекар. За оваа намена, исто така, не треба да се користат денови од годишниот...

Дали има најавени нови чартер летови за враќање на наши граѓани од странство?

Досега во Република Северна Македонија врати околу 3000 граѓани кои беа ставени во државен карантин.  За враќање на наши граѓани од странство досега имаше два повика и се` помина во најдобар ред. Немаме нови најави за организирање чартер летови за враќање наши...

Како ги толкувате најавите на СЗО во врска со КОВИД-19, дека најлошото допрва доаѓа?

Претпоставуваме дека ова се темели на претпоставката дека вирусот нема да исчезне по првиот бран. Сепак, ние сметаме дека овие првични искуства  се драгоцени и благодарение на нив ќе се амортизира бројот на пациенти во иднина.  Сега здравствените системи, не...

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank