Одговор: Во однос на рокот за поднесување на МПИН образецот за пресметка на плата, во член 5 точка 5 од самата Уредба за мерката за финансиска поддршка, е наведено дека Роковите за поднесување на МПИН образецот до Управата за јавни приходи и исплатата на платата, данокот на доход и социјалните придонеси се уредени согласно постоечките закони за исплата на плата.
Во однос на враќањето на средствата, во член 7 од Уредбата е наведена обврската за враќање на средствата.
Работодавачот кој го искористил правото на финансиска поддршка за исплата на плати, има обврска примените финансиски средства да ги врати во Буџетот на Република Северна Македонија, но најмногу до износот од 50% од остварениот финансиски резултат за 2020 година зголемен за износот на оданочивите расходи и помалку искажаните приходи во Даночниот биланс за обврзниците на данокот на добивка.
Работодавачот кој има негативни резултати во работењето, а го искористил правото на финансиска поддршка нема обврска да ги врати средствата.
Подетални информации за оваа поддршка може да се најдат на следниот линк.
Дополнителни прашања во врска со оваа и другите видови поддршка кои се реализираат преку УЈП можете да добиете на finansiska.poddrska@ujp.gov.mk или јавете се во контакт центарот 02/324-8040.