fbpx

Кога и како ќе може да аплицира за финансиска поддршка за исплата на плата од 14.500 по вработен?

Објавено на: 24.04.2020 | 20:04
Категории: ЧПП | ЧПП - Економски

Одговор: Компаните можат да аплицираат за да ја користат мерката за месец Април доколку го исполнат критериумот дека приходите им се паднати за 30% споредбено со просекот за 2019 година. Втор услов е да немаат исплатено дивиденди и бонуси од денот на објавување на уредбата до денот на користење на помошта и третиот услов е 10 % од вработените да немаат плата над 120.000 денари.

Доколку компаниите се регистрирани во само неколку месеци се зема просекот од периодот во којшто функционираат. Ако компанијата има сезонска работа се зема просекот од кварталот/сезоната која е релевантна од претходната година.

Компаниите можат да аплицираат за сите работници кои имаат нето плата до 39.900 денари, за вредност до една и пол месечна плата.

Процесот на аплицирање за компании се одвива преку онлајн системот Е-Даноци на Управата за јавни приходи каде компаниите пополнуваат електронско барање до 5- ти во месецот дека ги исполнуваат условите.

При тоа се дава Изјава под морална и кривична одговорност дека се паднати приходите на компанијата за повеќе од 30%. Во рок од 3 дена, Управата за Јавни приходи ги известува повратно компаниите за комплетноста на барањето. Потоа, компаниите во МПИН образецот, којшто го пополнуваат на месечно ниво за исплата на платите, означуваат за кој работник побаруваат помош.

Во образецот означуваат 619 само ако ја користат мерката за нето плата од 14.500 денари или 621 ако ја користат мерката-Субвенционирање за покачување на плати до 6.000 денари. По аплицирањето, до 13-ти во месецот секоја од компаниите ќе ги добие средствата на нивната сметка.Откако, финансиските средства ќе пристигнат на сметка на компанијата, работодавецот е должен најдоцна до 15-ти во месецот да ги исплати платите на своите вработени за кои аплицирал за мерката финансиска поддршка од 14 500 денари за исплата на плата.

Подетални информации за оваа поддршка може да се најдат на следниот линк

Дополнителни прашања во врска со оваа и другите видови поддршка кои се реализираат преку УЈП можете да добиете на finansiska.poddrska@ujp.gov.mk  или јавете се во контакт центарот 02/324-8040.

Останати прашања

Дали при третман на КОВИД 19 се размислува за алтернативи методи како хомеопатијата?

Нашата медицина ја темелиме исклучиво врз докази. Ова особено важи за најтешките пациенти кои се на интензивна нега. Кога се соочуваме со многу компликации при лечењето, се потпираме на нашите искуства.   Со други, алтернативни методи – немаме искуство и со нив...

Дали граѓаните задолжително треба да носат ракавици како мерка за заштита од КОВИД 19 при излегување надвор?

Доколку се внимава и не се манипулира  премногу околу устата и носот и  ако често се мијат рацете – ракавиците не се неопходни. Засега препорачуваме само задолжително носење на маска за...

Дали лице на кое му е препорачана самоизолација, за таа намена треба да користи боледување или годишен одмор како што сугерираат некои работодавци?

На сите пациенти кои што се отпуштаат од болница  им следува боледување кое го препишува матичниот лекар. За оваа намена, исто така, не треба да се користат денови од годишниот...

Дали има најавени нови чартер летови за враќање на наши граѓани од странство?

Досега во Република Северна Македонија врати околу 3000 граѓани кои беа ставени во државен карантин.  За враќање на наши граѓани од странство досега имаше два повика и се` помина во најдобар ред. Немаме нови најави за организирање чартер летови за враќање наши...

Како ги толкувате најавите на СЗО во врска со КОВИД-19, дека најлошото допрва доаѓа?

Претпоставуваме дека ова се темели на претпоставката дека вирусот нема да исчезне по првиот бран. Сепак, ние сметаме дека овие првични искуства  се драгоцени и благодарение на нив ќе се амортизира бројот на пациенти во иднина.  Сега здравствените системи, не...

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank