Одговор: Работодавачот кој побарува финансиска поддршка не смее бројот на вработени, да го намали за месец април, мај и јуни 2020 година во однос на бројот на вработени со состојба на 31 март 2020 година, земајќи ги во предвид и вработените преку приватна агенција за вработување, освен во случај на пензионирање или смрт.
Дополнително укажуваме дека по завршување на вонредната состојба и мерките и препораките усвоени од Владата, работодавачот може на работникот да му го откаже договорот за вработување без отказен рок во случаите на кршење на работниот ред и дисциплина, или неисполнување на работните обврски утврдени со овој или друг закон, колективен договор, правила за работниот ред и дисциплина и договорот за вработување, а особено ако работникот неоправдано изостане од работа три последователни работни дена или пет работни дена во текот на една година.
Подетални информации за оваа поддршка може да се најдат на следниот линк. Дополнителни прашања во врска со оваа и другите видови поддршка кои се реализираат преку УЈП можете да добиете на finansiska.poddrska@ujp.gov.mk или јавете се во контакт центарот 02/324-8040.