fbpx

Мојата компанија има 260 вработени, но поради состојбата со корона вирусот компанијата има проблем со ликвидноста, работам за извоз, а во нареден период сакам да воведам нова производна линија за медицински средства. Дали има можност да добијам кредитирање преку Развојата банка и под кои услови ќе биде кредитирањето.

Објавено на: 24.04.2020 | 20:04
Категории: ЧПП | ЧПП - Економски

Одговор: Она што во моментов се работи за да стане достапно се средства од 50.9 милиони евра од Европската Инвестициона Банка, каде што Владата ќе се влучи во делот на субвенционирање на трошокот за камата. Со оваа мерка, Развојната Банка ќе понуди значително пониска каматна стапка кон деловните банки, кои пак, кон крајните корисници ќе може да понудат кредитите со каматни стапки од околу 1.5%. Кредитната линија ќе биде наменета за обезбедување на ликвидност за тековни обртни средства на компаниите, како и за обезбедување на капитал за поддршка на нови проекти, нови вработувања и зголемен извоз. Целна група се примарно мали и средни претпријатија чии услови на работење треба да се олеснат, но може да аплицираат и претпријатија до 1.000 вработени.

Подетални информации за оваа поддршка може да се најдат на следниот линк. 

Дополнителни прашања во врска со оваа и другите видови поддршка кои се реализираат преку Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје можете да добиете на https://www.mbdp.com.mk/  или јавете се во контакт центарот +389-2-3115-844; +389-2-3114-840.

Останати прашања

Дали при третман на КОВИД 19 се размислува за алтернативи методи како хомеопатијата?

Нашата медицина ја темелиме исклучиво врз докази. Ова особено важи за најтешките пациенти кои се на интензивна нега. Кога се соочуваме со многу компликации при лечењето, се потпираме на нашите искуства.   Со други, алтернативни методи – немаме искуство и со нив...

Дали граѓаните задолжително треба да носат ракавици како мерка за заштита од КОВИД 19 при излегување надвор?

Доколку се внимава и не се манипулира  премногу околу устата и носот и  ако често се мијат рацете – ракавиците не се неопходни. Засега препорачуваме само задолжително носење на маска за...

Дали лице на кое му е препорачана самоизолација, за таа намена треба да користи боледување или годишен одмор како што сугерираат некои работодавци?

На сите пациенти кои што се отпуштаат од болница  им следува боледување кое го препишува матичниот лекар. За оваа намена, исто така, не треба да се користат денови од годишниот...

Дали има најавени нови чартер летови за враќање на наши граѓани од странство?

Досега во Република Северна Македонија врати околу 3000 граѓани кои беа ставени во државен карантин.  За враќање на наши граѓани од странство досега имаше два повика и се` помина во најдобар ред. Немаме нови најави за организирање чартер летови за враќање наши...

Како ги толкувате најавите на СЗО во врска со КОВИД-19, дека најлошото допрва доаѓа?

Претпоставуваме дека ова се темели на претпоставката дека вирусот нема да исчезне по првиот бран. Сепак, ние сметаме дека овие првични искуства  се драгоцени и благодарение на нив ќе се амортизира бројот на пациенти во иднина.  Сега здравствените системи, не...

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank