fbpx

Димковски: Преземаме мерки со коишто ќе ги ублажиме последиците од пандемијата врз земјоделството и руралниот развој

Објавено на: 16.04.2020 | 13:04
Категории: Мерки | Министерства

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски одржа прес-конференција на којашто соопшти дека Владата на Република Северна Македонија ќе ги овозможи сите потребни услови за одржливо земјоделско производство, пласман и ќе одговори на барањата на земјоделците.

Министерот Димковски посочи дека производството на храна мора да продолжи да се одвива непречено и во наредниот период, а земјоделците мора да ги продолжат своите работни активности, a Владата презема мерки со коишто ќе се ублажат последиците од пандемијата врз земјоделството и руралниот развој.

„Изминатиот период како ресорно министерство, преземавме мерки кои што ќе им помогнат на земјоделците и на стопанствениците од агросекторот, во оваа вонредна состојба да имаат рентабилно земјоделско производство и пласман за производите. Рокот за плаќање на годишната закупнина за државно земјоделско земјиште за 2019 се продолжува до 12-ти ноември 2020 година. До истиот рок, нема да се врши еднострано раскинување на договорите за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост заради неплатена годишна закупнина.

Склучувањето на договори, кој го склучуваат производителите на тутун со регистрираните откупувачи на тутун, го продолживме до 30-ти април. Ги ставивме во мирување роковите за сите јавни повици за поднесување проекти и реализација на инвестиции од Националните програми и од ИПАРД 2 програмата. Со цел да се намали загубата на одгледувачите на овци, вкупната поддршка за женско јагне ја зголемивме на 2.500 денари по грло”, изјави Димковски.

Притоа Димковски посочи дека засега нема никаков притисок врз сигурноста на храната, но земјоделците се соочуваат со потешкотии во пласманот на земјоделски производи.

„Токму поради тоа, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја воведе и ја стави во функција платформата „Понуда и Побарувачка“ којашто сите земјоделци може да ја користат. На оваа платформа, земјоделците може да ги понудат своите производи. Ги повикувам земјоделците, да ја користат и платформата „Понуда и побарувачка“, што ја воведе Министерството за земјоделство, а преку којашто можат да ги понудат своите производи. За да го заштитиме домашното производство ги повикувам граѓаните да купуваат домашни производи, со што ќе се поддржи локалното производство. Зелените коридори за побрз транспорт на стока веќе функционираат и тоа во значителна мера ќе ја олесни трговијата со земјоделски производи. “, изјави Димковски.

Покрај оваа поддршка министерот Димковски истакна дека, земјоделците кои се самостојни вршители на дејност, а се регистрирани според Законот за трговски друштва, ќе имаат можност да користат и дел од економскиот пакет на мерки, како финансиската поддршка од 14.500 денари за месеците април и мај.

Последна прес-конференција

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска ја лансираа кампањата „За моментите на среќа - Вакцинирај се!“. Кампањата има за цел да ги информира граѓаните за придобивките од вакцинацијата како...

Последна седница

Од 103-та седница на Владата: Донесени мерки и за излез од државата; Прифатен е предлогот наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар да започне онлајн во првите 14 дена, а во Кичево и Струга во првите 7;

Од 103-та седница на Владата: Донесени мерки и за излез од државата; Прифатен е предлогот наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар да започне онлајн во првите 14 дена, а во Кичево и Струга во првите 7;

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ги дополни мерките за спречување на проширувањето на вирусот што ја предизвикува заразната болест КОВИД-19 со кои од 1 септември 2021 година домашните и странски државјани и за излез од територијата на...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Заев: Пред нас е стабилна и развојна економија – го донесовме петтиот пакет економски мерки во вредност од 160 милиони евра

Заев: Пред нас е стабилна и развојна економија – го донесовме петтиот пакет економски мерки во вредност од 160 милиони евра

На денешната владина седница донесен е Петтиот пакет економски мерки наменет за граѓаните и за компаниите, за стабилна и развојна македонска економија и за подобрување на ликвидноста на стопанството. Петтиот пакет содржи вкупно 29 мерки, во вредност од 9,7 милијарди...

Влада: Повикуваме на целосно почитување на мерките и препораките за време на празниците, да празнуваме одговорно!

Влада: Повикуваме на целосно почитување на мерките и препораките за време на празниците, да празнуваме одговорно!

Владата на Република Северна Македонија на сите граѓани им ги честита новогодишните и божиќни празници со апел во овој период да се почитуваат рестриктивните мерки и препораки за да се избегне зголемувањето на бројот на заболени од КОВИД-19. За периодот од 18 декември...

Бремените жени се ослободуваат од работа со физичко присуство, до завршувањето на пандемијата

Бремените жени се ослободуваат од работа со физичко присуство, до завршувањето на пандемијата

Владата на Република Северна Македонија, потсетува дека согласно владина одлука, објавена во Службен весник, бремените жени се ослободуваат од работа и работни обврски со физичко присуство на работното место, до завршување на Пандемијата со КОВИД-19, прогласена од...