fbpx

Премиерот Спасовски, вицепремиерот Османи и министрите Филипче и Адеми ја посетија Кумановската болница

Објавено на: 15.04.2020 | 19:04
Категории: Известувања

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски, придружуван од вицепремиерот Бујар Османи, министерот за здравство Венко Филипче и министерот за образование и наука Арбер Адеми, денеска остварија средба со епидемиолозите и директорката на Општата болница во Куманово Снежана Захариева.

На средбата беше разговарано за моменталната состојба во болницата и беа разменети искуства за надминување на тековните проблеми.

Премиерот Спасовски истакна дека во Куманово е остварен најголем процент на направени тестови.

„Со континуираните заложби што ги прават лекарите и медицинскиот персонал во болницата, заедно со епидемиолозите во Центарот за јавно здравје во општината и матичните лекари, ќе успееме да застанеме на патот на ширењето на вирусот. Уште еднаш апелирам да се почитуваат препораките за физичка дистанца, особено зашто ни претстојат Велигденските празници.

Така најмногу ќе му помогнеме и на здравствениот персонал во Куманово кои се во првите редови во справувањето со коронавирусот “, истакна во својата изјава за медиумите премиерот Спасовски.
Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче рече дека Куманово се издвојува со зголемен број дијагностицирани пациенти во последните неколку дена, но дека вработените во болницата се на висината на својата задача и врвно ги извршуваат своите обврски, иако има одреден дел и од здравствените работници.

„Денеска спроведовме тестирање кај 210 вработени со серолошки тестови. Резултатите до сега покажаа дека нема суспектни медицински лица и тие се во добра здравствена состојба. Со оваа стратегија на тестирање ќе продолжиме и понатаму и ќе ја применуваме на целата територија на државата прво меѓу здравствените работници, а потоа и меѓу граѓаните“, соопшти во изјавата министерот Филипче.

Премиерот Спасовски и министерот Филипче упатија честитки за досегашната работа на целиот тим во болницата за досегашното успешно справување со коронавирусот, и истакнаа дека од средбата заминуваат со сознанија кои ќе помогнат како да се постигне поголема ефикасност во справувањето со епидемијата во општината, како и за дополнителните можности за зајакнување на персоналот во болницата.

Последна прес-конференција

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска ја лансираа кампањата „За моментите на среќа - Вакцинирај се!“. Кампањата има за цел да ги информира граѓаните за придобивките од вакцинацијата како...

Последна седница

Владата ги укина одлуките за задолжителни сертификати или потврди за имунизација или прележаност од КОВИД-19 при влез во земјата

Владата ги укина одлуките за задолжителни сертификати или потврди за имунизација или прележаност од КОВИД-19 при влез во земјата

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница донесе одлука да ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и предлогот на Главниот координативен штаб, со која престанува да важи обврската на домашните и странските државјани кои влегуваат во...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Денес се регистрирани 109 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 311.701 – Оздравени се 91 пациенти – Нема пријавени починати лица

Денес се регистрирани 109 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 311.701 – Оздравени се 91 пациенти – Нема пријавени починати лица

Почитувани, Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.062 тестови, а регистрирани се 109 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 77, Битола - 14, Охрид – 6, Прилеп – 3, Штип и Берово...

Денес се регистрирани 108 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 311.592 – Оздравени се 77 пациенти – Нема пријавени починати лица

Денес се регистрирани 108 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 311.592 – Оздравени се 77 пациенти – Нема пријавени починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1411 тестови, а регистрирани се 108 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 70, Битола- 13, Штип – 7, Кавадарци – 3, Прилеп, Велес,Гостивар,...

Денес се регистрирани 32 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 311.484 – Оздравени се 12 пациенти – Нема пријавени починати лица

Денес се регистрирани 32 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 311.484 – Оздравени се 12 пациенти – Нема пријавени починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 665 тестови, а регистрирани се 32 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 28, Битола, Куманово, Прилеп и Велес – по 1. Од вкупниот број на...