Од 41-та седница на Владата на Република Северна Македонија: На Претседателот на државата ќе му биде доставен извештај со предлог за вонредна состојба; Уште 118 компании со 1116 вработени ќе користат бескаматни кредити; Се продолжува рокот за плаќање на годишната закупнина за државно земјиште за 2019 година до 31 октомври 2020 година; Донациите во солидарниот фонд КОВИД-19 се ослободуваат од ДДВ

Објавено на: 14.04.2020 | 20:04
Категории: Седници на Влада

Владата на Република Северна Македонија на денешната 41-ва седница донесе заклучок да достави предлог до Претседателот на Република Северна Македонија со извештај за досега преземените активности од државните институции, со кој се аргументира дека за успешно справување со коронавирусот во државата потребна е вонредна состојба.

На денешната седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата на развојната банка на Република Северна Македонија за вториот пакет одобрени барања од обработените апликации на компании кои ги исполнуваат условите и критериумите за бескаматни кредити од Јавниот повик од првиот пакет економски мерки.

Согласно оваа информација, на уште 118 компании со 1.116 вработени, им се одобри користење на бескаматни кредити во вкупен износ од 936.602 евра.

Во првата и втората група, се одобрени вкупно 254 кредитни апликации во вкупен износ од 2,2 милиони евра, за компании со 2,853 вработени. По структура од вкупно одобрените кредитни апликации, микро компаниите до 10 вработени учествуваат со 69%, малите компании до 50 вработени учествуваат со 28%, а средните компании до 250 учествуваат со 4%.

Доставата на Информации со обработени кредитни апликации кои исполнуваат услови до Владата ќе се одвива редовно, на неделно ниво, сè додека не се исцрпат во целост средствата од кредитната линија Ковид 1. Досега до Развојната банка на Северна Македонија се пристигнати повеќе од 1,050 кредитни апликации на износ од 7,5 милиони евра.

Најдоцна до крајот на неделата Развојна банка ќе стапи во контакт со сите компании чии кредитни апликации беа одобрени на денешната седница на Влада заради реализација на договорите за кредит.

На оваа своја седница Владата донесе Уредба со законска сила за исплата на авторски хонорари за лица ангажирани во органите на државната власт (законодавна, извршна и судска), регулаторните тела, агенциите, државните комисии, правните лица во целосна или доминантна државна сопственот, единиците на локалната самоуправа и градот Скопје и правните лица основани од единиците на локалната самоуправа и градот Скопје.

Со оваа уредба со законска сила се уредува висината и начинот на исплата на паричниот надомест по основ на склучен договор за дело на лица ангажирани во овие институции со што се утврдува дека на овие лица им се исплаќа целосен паричен надомест, за време на траењето на вонредната состојба, како и по престанокот на траењето на вонредната состојба до 31-ви декември 2020 година, доколку лицето со денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила не е евидентирано како пријавено вработено лице во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.

Доколку лицата опфатени со оваа уредба со законска сила, со денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила се евидентирани како пријавени вработени лица во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, ќе им се исплаќа 50% од паричниот надомест кој е определен во договорот за дело, но најмногу во висина од 30.000 денари.

Оваа уредба со законска сила не се однесува на лицата кои склучиле договор за дело со органите на државната власт, регулаторни тела, агенции, државни комисии, правните лица во целосна државна сопственост, единица на локалната самоуправа и Градот Скопје и правни лица основани од единиците на локалната самоуправа и Градот Скопје, за реализација на проекти финансирани или кофинансирани со заеми и средства од странски кредитори, меѓународни донатори и финансиери.

Владата денеска ја донесе Уредбата со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на додадена вредност за време на вонредна состојба со која утврдува ослободување од данокот на додадена вредност за прометот на добра и услуги кои како донација се дадени на буџетски корисници како и прометот на добра и услуги извршен кон буџетски корисници остварен со донирани финансиски средства.

Прометот кој се ослободува од данок на додадена вредност со оваа уредба е со цел поедноставување и олеснување на процесот на донации остварени кон буџетски единици.

Со цел поголемо стимулирање на потенцијалните даватели на донации кон буџетските корисници прометот остварен кон примателите на донации – буџетски корисник, се ослободува од данокот на додадена вредност со право на одбивка од претходен данок под услов давателот на донацијата да поседува потврда за примена донација од страна на примателот на донацијата.

Прометот на добра и услуги кој се реализира од донирани финансиски средства се ослободува од данокот на додадена вредност доколку примателот на донацијата – буџетски корисник достави изјава дека прометот се реализира со донирани финансиски средства.

Даночните обврзници исто така ќе имаат право на одбивка доколку се исполнети условите пропишани во Законот за данокот на додадена вредност.

Вршителот на прометот односно давателот на донацијата од оваа предлог уредба  се должни да водат евиденција за прометот на добра и услуги кон буџетскиот корисник-примател на донацијата.

На предлог на министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Владата на оваа седница ја донесе Уредбата за дополнување на уредбата со законска сила за примена на законот за земјоделското земјиште за време на вонредна состојба со која заради надминување на економските потешкотии на закупците кои ќе настанат заради вонредната состојба поради епидемијата се продолжува рокот за плаќање на годишната закупнина за 2019 година до 31 октомври 2020 година, и нема да се врши еднострано раскинување на договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост заради неплатена годишна закупнина до 31 октомври 2020 година.

Согласно денеска усвоената Уредба со законска сила за примена на Законот за возила за време на вонредна состојба, се одложува рокот за продолжување на овластувањата на правните лица за вградување на уреди за погон на течен нафтен гас и компримиран земјен гас и се продолжува за 60 дена од денот на истекот на траењето на вонредната состојба.

Со оваа Уредба, важноста на решението за овластувањето на техничка служба за работите кои ги вршат правните лица кои се овластени со решение од Министерството за економија, на предлог за овластување за техничка служба од органот за одобрување, а врз основа на издаден Сертификат за акредитација од органот за оцена на компетентност, чиј рок  на важење  е истечен или ќе истече за време на траењето на вонредната состојба, се продолжува за време на траењето на вонредната состојба.

Последна прес-конференција

Филипче: Стратегијата на широко и интензивно тестирање, вклучувајќи и контакти на позитивните по индикација дава резултати

Филипче: Стратегијата на широко и интензивно тестирање, вклучувајќи и контакти на позитивните по индикација дава резултати

https://youtu.be/89Rfa8uESOg Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција информираше за најновата состојба со вирусот КОВИД-19 во нашата земја. Тој информираше и за статистиката во врска со пациентите, состојбата во болниците,...

Последна седница

Од 76-та седница на Владата: Донесени протоколите за работата на базените и плажите; Се укина одредбата од протоколот за работа на кафулиња и ресторани на една маса да седат двајца, или четворица само ако се во роднинска врска; Земјата се приклучува кон глобалната набавка на вакцини за КОВИД-19

Владата на Република Северна Македонија на денешната 76-та седница ги усвои протоколите што ги предложи Комисијата за заразни болести, а кои се однесуваат на работата на базените и на плажите во тек на пандемија со КОВИД-19. Согласно Протоколот за работата на плажите...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Од 76-та седница на Владата: Донесени протоколите за работата на базените и плажите; Се укина одредбата од протоколот за работа на кафулиња и ресторани на една маса да седат двајца, или четворица само ако се во роднинска врска; Земјата се приклучува кон глобалната набавка на вакцини за КОВИД-19

Од 76-та седница на Владата: Донесени протоколите за работата на базените и плажите; Се укина одредбата од протоколот за работа на кафулиња и ресторани на една маса да седат двајца, или четворица само ако се во роднинска врска; Земјата се приклучува кон глобалната набавка на вакцини за КОВИД-19

Владата на Република Северна Македонија на денешната 76-та седница ги усвои протоколите што ги предложи Комисијата за заразни болести, а кои се однесуваат на работата на базените и на плажите во тек на пандемија со КОВИД-19. Согласно Протоколот за работата на плажите...

Од 75-тата седница на Владата: Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина за влез во земјата мора да приложат негативен ПЦР тест

Од 75-тата седница на Владата: Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина за влез во земјата мора да приложат негативен ПЦР тест

Владата на Република Северна Македонија на 75-тата седница што се одржа денеска, донесе дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, со која од државјаните на Република Србија, Република Косово, Црна Гора и Босна и...

Од 73-тата седница на Владата: Престанува да важи забраната за одржување спортски натпревари, ќе се одржуваат без публика; Донесени протоколи за работа на музеи, галерии, за работа на компании за промотивни настани; Одлука за постоење кризна состојба на јужната и северна граница; За три пати се зголемува опфатот на граѓани за вакцинирање од сезонски грип

Владата на Република Северна Македонија на денешната 73-та седница донесе измени и дополнувања на Протоколот за редовна работа на уплатно-исплатни места на приредувачите на игри на среќа во обложувалница (трета фаза), измени и дополнувања на Протоколот за работа на...