Постојат неколку публикувани случаи за вакво лекување – со крвна плазма од ковалесценти од КОВИД 19. Овие денови се изготвува протокол за вакво лекување од страна на специјалисти на Институтот за трансфузиолгија. Овој протокол треба да помине соодветна процедура и во Агенцијата за лекови. Инаку, ваквиот вид на лекување не е индициран кај секого. По ова прашање сме особено внимателни бидејќи немаме други податоци за ваков вид на лекување, освен некои публикации.
Дали при третман на КОВИД 19 се размислува за алтернативи методи како хомеопатијата?
Нашата медицина ја темелиме исклучиво врз докази. Ова особено важи за најтешките пациенти кои се на интензивна нега. Кога се соочуваме со многу компликации при лечењето, се потпираме на нашите искуства. Со други, алтернативни методи – немаме искуство и со нив...