Од 39-тата седница на Владата: Прераспределени повеќе од 6,5 милијарди денари од Буџетот за имплементација на економските мерки донесени за справување со кризата; Северна Македонија и Европската Комисија ќе потпишат Договор за заедничка набавка на лекови и медицинска опрема

Објавено на: 09.04.2020 | 22:04
Категории: Седници на Влада

Владата на Република Северна Македонија на денешната 39-та седница ја донесе Одлуката за прераспределба на средства меѓу буџетските корисници на централната власт и меѓу фондовите, согласно која во Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година, во посебниот дел во првата потколона од колоната Расходи на Основен буџет, се врши прераспределба на средства во износ од 6.542.000.000 денари.

Целта на предложената Одлука е обезбедување на средства за имплементација на економските мерки донесени од страна на Владата на Република Северна Македонија за справување со кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот КОВИД-19.

Владата на Република Северна Македонија на седницата одржана денеска ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од пристапување кон и потпишување на Заедничкиот договор за набавка на лекови и медицинска опрема помеѓу Република Северна Македонија и Европската Комисија, и го задолжи и овласти Министерот за здравство да го потпише и соодветно имплементира Заедничкиот договор за набавка на лекови и медицинска опрема со Европската Комисија.

Владата денеска донесе Измена на уредбата за поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствено економската криза заради исплата на плати за април и мај 2020 година, и со овие измени се трга условот управители и сопственици на бизнисите вработени во истите да не може да ја користат мерката (а во насока на заштита на микро и малите фирми), и се дополнува со условот дека бројот на вработени треба да се задржи 2 месеци по користење на мерката односно до јули 2020 година.

Дополнително, беше појаснето дека на оваа мерка компаниите не може да аплицираат единствено за свои вработени за кои се ослободени од плаќање придонеси и персонален данок преку проектите „Македонија вработува” или доколку се одлучат да ја искористат мерката за субвенционирање на 50% од придонесите во вонредна состојба, која е дел од првиот сет на мерки за справување со кризата.

На оваа седница е донесен заклучок за воспоставување на централен механизам за примање, следење и распоредување на сите донации и помош што Република Северна Македонија ги добива, со кој ќе раководи заменик на претседателот во Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, како Национален координатор за странска помош.

Согласно заклучокот, донациите и помошта што ќе бидат примени, ќе се складираат централизирано, на едно место, и ќе се распоредуваат согласно потребите и приоритетите по доставени барања од страна на државните институции.

На предлог на Министерството за економија денеска министрите ја разгледаа и донесоа Уредбата за примена на Законот за акредитација за време на вонредна состојба, според која предвидува одложување на роковите за доставување на извештајот за реализираната програма за работа на Институтот за акредитација на Република Северна Македонија за 2019 година, како и извештајот за работата на Советот за 2019 година и извештајот на Одборот за надзор на материјално-финансиска контрола за 2019 година, за време на траење на вонредната состојба.

Важноста на сертификатите за акредитација чиј рок е истечен или ќе истече за време на траење на вонредната состојба и на сертификатите за акредитација, чиј рок ќе истече во период од четири месеци по престанокот на траење на вонредната состојба, согласно оваа Уредба се продолжува до завршување на постапката за ре-акредитација од првото наредно оценување.

Телата за оцена на сообразност чиј сертификат за акредитација истекол или ќе истече за време на траење на вонредната состојба сe должни да иницираат постапка за ре-акредитација во рок од 30 дена по престанок на траење на вонредната состојба.

Надзорните над исполнување на барањата за акредитација и постапките за ре-акредитација кои требало или треба да се реализираат за време на траење на вонредната состојба се одложуваат за време на траење на вонредната состојба и ќе се реализираат по престанок на траење на вонредната состојба.

За време на траење на вонредната состојба може да се завршат постапките за акредитација, ре-акредитација и надзорните оценувања чии оценувања се реализирани и со оцена на потребните документите.

Според Уредбата, телата за оцена на сообразност за време на траење на вонредната состојба можат да достават барање и пријава за акредитација и други документи во врска со постапките за акредитација по електронски пат.

На денешната 39-та седница беше разгледана и усвоена Уредбата со законска сила за примена на Законот за основање на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за време на вонредна состојба, чии одредби ги регулираат роковите за одлучување по барањата за одобрување на финансиска поддршка и исплата на финансиска поддршка, за склучување на договори за финансиска поддршка, намалување на финансиска поддршка поради неисполнување на договорни обврски од договорите за финансиска поддршка, за дополнување или дообјаснување на барањата за финансиска поддршка, за роковите за реализација на инвестициите предмет на договорите за финансиска поддршка, извршувањето на контроли на лице место на договорите за финансиска поддршка, кои истекуваат или ќе истечат за време на траењето на вонредната состојба, да се одложат и да се продолжат за 60 дена по престанокот на траењето на вонредната состојба.

Роковите определени во договорите за финансиска поддршка за реализација на инвестицијата, престануваат да течат за време на траењето на вонредната состојба и продолжуваат да течат по истекот на траењето на вонредната состојба, но само за онолку денови колку што престанале и тоа од денот на истекот на траењето на вонредната состојба.

Согласно оваа Уредба, роковите за доставување на барања за финансиска поддршка определени во јавниот повик за доставување на барања за финансиска поддршка по ИПАРД Програмата 2014-2020, се одложуваат за време на траењето на вонредната состојба и продолжуваат да течат по престанок на траењето на вонредната состојба.

Последна прес-конференција

Филипче: Стратегијата на широко и интензивно тестирање, вклучувајќи и контакти на позитивните по индикација дава резултати

Филипче: Стратегијата на широко и интензивно тестирање, вклучувајќи и контакти на позитивните по индикација дава резултати

https://youtu.be/89Rfa8uESOg Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција информираше за најновата состојба со вирусот КОВИД-19 во нашата земја. Тој информираше и за статистиката во врска со пациентите, состојбата во болниците,...

Последна седница

Од 76-та седница на Владата: Донесени протоколите за работата на базените и плажите; Се укина одредбата од протоколот за работа на кафулиња и ресторани на една маса да седат двајца, или четворица само ако се во роднинска врска; Земјата се приклучува кон глобалната набавка на вакцини за КОВИД-19

Владата на Република Северна Македонија на денешната 76-та седница ги усвои протоколите што ги предложи Комисијата за заразни болести, а кои се однесуваат на работата на базените и на плажите во тек на пандемија со КОВИД-19. Согласно Протоколот за работата на плажите...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Од 76-та седница на Владата: Донесени протоколите за работата на базените и плажите; Се укина одредбата од протоколот за работа на кафулиња и ресторани на една маса да седат двајца, или четворица само ако се во роднинска врска; Земјата се приклучува кон глобалната набавка на вакцини за КОВИД-19

Од 76-та седница на Владата: Донесени протоколите за работата на базените и плажите; Се укина одредбата од протоколот за работа на кафулиња и ресторани на една маса да седат двајца, или четворица само ако се во роднинска врска; Земјата се приклучува кон глобалната набавка на вакцини за КОВИД-19

Владата на Република Северна Македонија на денешната 76-та седница ги усвои протоколите што ги предложи Комисијата за заразни болести, а кои се однесуваат на работата на базените и на плажите во тек на пандемија со КОВИД-19. Согласно Протоколот за работата на плажите...

Од 75-тата седница на Владата: Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина за влез во земјата мора да приложат негативен ПЦР тест

Од 75-тата седница на Владата: Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина за влез во земјата мора да приложат негативен ПЦР тест

Владата на Република Северна Македонија на 75-тата седница што се одржа денеска, донесе дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, со која од државјаните на Република Србија, Република Косово, Црна Гора и Босна и...

Од 73-тата седница на Владата: Престанува да важи забраната за одржување спортски натпревари, ќе се одржуваат без публика; Донесени протоколи за работа на музеи, галерии, за работа на компании за промотивни настани; Одлука за постоење кризна состојба на јужната и северна граница; За три пати се зголемува опфатот на граѓани за вакцинирање од сезонски грип

Владата на Република Северна Македонија на денешната 73-та седница донесе измени и дополнувања на Протоколот за редовна работа на уплатно-исплатни места на приредувачите на игри на среќа во обложувалница (трета фаза), измени и дополнувања на Протоколот за работа на...