fbpx

Препораки за однесување на вработените во производните капацитети

Објавено на: 09.04.2020 | 09:04

На фирмите кои вршат дејност производство и имаат производни погони, хали и слично, им се препорачува производниот процес да се организира на следниот начин:

1.        Во погоните каде непосредно се врши производниот процес да се лимитира бројот на вработени за работниците да бидат на растојание од 1,5 до 2м.

2.       Вработените да не ги менуваат работните места.

3.       Во самиот погон задолжително да се обезбеди средство за дезинфекција на раце и работни површини.

4.      За време на работното време од страна на вработените да се почитуваат општите препорачани мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење на раце и дезинфекција со употреба на дезинфекциони средства  на база на алкохол).

5.       Да се забрани групирање за време на пауза во групи поголеми од максимум 5 лица .

6.       Да се врши почесто проветрување на работните простории односно повеќе пати во текот на денот и доколку е тоа можно (преку природна и вештачка вентилација).

7.       Еднаш неделно да се врши дезинфекција на сите работни простории за што да се води уредна евиденција.

8.       Во случај на позитивен лабораториски потврден случај на КОВИД-19 на вработено лице  (со или без симптоми), лицето веднаш се изолира и испраќа дома  и се советува ВЕДНАШ да го контактира својот матичен лекар.

9.       Одговорното лице на фирмата го  известува Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) им доставува комплетни податоци за позитивниот работник/ци на КОВИД-19 (име и презиме,адреса, тел.број) подготвува список на лица кои  согласно работното место се во близина (до него,  пред и позади ) на работното место на позитивниот работник  кој се предава на епидемиолошката служба од ЦЈЗ.

10.   По направениот епидемиолошки увид од страна на ЦЈЗ и направената проценка на ризик, се дефинира листата на лица кои со решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат се ставаат под здравствен надзор за домашна изолација во траење од 14 дена.

11.     По направеното темелно механичко чистење на погоните /просториите  и направената дезинфекција од страна на овластена установа за ДДД, се  продолжува со нормалниот производствен процес.

12.    Да се избегнува контакт на вработените лица од погоните меѓу себе во текот на работниот процес, а особено со административните службеници.

13.    Во случај на потреба од административна работа: потпишувањето  на хартиени документи да се спроведува исклучиво преку едно одредено лице кое носи лична заштитна опрема на себе (заштита маска и ракавици),

14.   Лицата задолжени за обезбедување на објектот да носат исто така  лична заштитна опрема.

15.    Возачите кои дистрибуираат готови производи, репроматеријали, хартиени документи исто така да носат лични заштитна опрема.

16.    Да не се одржуваат состаноци/колегиуми и истите да се спроведуваат по телефон или на меил доколку е возможно или во сала со почитување на одалеченост еден од друг  од 1,5 до 2,0 метри.

Последна прес-конференција

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска ја лансираа кампањата „За моментите на среќа - Вакцинирај се!“. Кампањата има за цел да ги информира граѓаните за придобивките од вакцинацијата како...

Последна седница

Владата ги укина одлуките за задолжителни сертификати или потврди за имунизација или прележаност од КОВИД-19 при влез во земјата

Владата ги укина одлуките за задолжителни сертификати или потврди за имунизација или прележаност од КОВИД-19 при влез во земјата

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница донесе одлука да ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и предлогот на Главниот координативен штаб, со која престанува да важи обврската на домашните и странските државјани кои влегуваат во...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Денес се регистрирани 109 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 311.701 – Оздравени се 91 пациенти – Нема пријавени починати лица

Денес се регистрирани 109 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 311.701 – Оздравени се 91 пациенти – Нема пријавени починати лица

Почитувани, Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.062 тестови, а регистрирани се 109 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 77, Битола - 14, Охрид – 6, Прилеп – 3, Штип и Берово...

Денес се регистрирани 108 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 311.592 – Оздравени се 77 пациенти – Нема пријавени починати лица

Денес се регистрирани 108 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 311.592 – Оздравени се 77 пациенти – Нема пријавени починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1411 тестови, а регистрирани се 108 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 70, Битола- 13, Штип – 7, Кавадарци – 3, Прилеп, Велес,Гостивар,...

Денес се регистрирани 32 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 311.484 – Оздравени се 12 пациенти – Нема пријавени починати лица

Денес се регистрирани 32 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 311.484 – Оздравени се 12 пациенти – Нема пријавени починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 665 тестови, а регистрирани се 32 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 28, Битола, Куманово, Прилеп и Велес – по 1. Од вкупниот број на...