МЗШВ: Правила за движење на земјоделците во време на забрана за движење

Објавено на: 09.04.2020 | 09:04

Во однос на новата забрана за движење што ја донесе Владата на Република Северна Македонија, а којашто стапува во сила од денеска (среда 08.04.2020), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува земјоделците:

  • Земјоделците што имаат работни обврски на своите земјоделски површини на фармите, а кои се наоѓаат во атарот (место на живеење) на селото во коешто живеат, можат да се движат за време на забраната за движење, исклучиво заради извршување на работните активности без да вадат дозволи за движење.
  • Земјоделците пак чиишто земјоделски површини или фарми се наоѓаат надвор од селото/градот каде што живеат и треба да патуваат од едно во друго село, да сообраќаат по регионален пат, а имаат работни обврски поврзани со производството, задолжително треба да извадат дозвола за движење.

Вадењето дозволи за оние земјоделци кои треба да патуваат од местото на живеење до локацијата каде што им се наоѓа земјоделската површина или фарма, ќе се спроведува како и досега, преку испраќање на податоци до Подрачните единици на МЗШВ. Сите досега издадени дозволи, продолжуваат да важат до крајот на вонредната состојба.

НАПОМЕНА:

  • Строгo се забранува издавање на дозволи за движење на земјоделци кои имаат навршено и над 67 години. Тие треба телефонски да се јават во Подрачната единица на МЗШВ и да пријават еден помлад член со кој се во роднинска врска (син, ќерка, зет, снаа, внук) и на тоа лице ќе му биде издадена дозвола за движење.
  • Право на движење има само еден член на земјоделско стопанство.
  • Барањата за дозвола се доставуваат по телефон или на е-маил до подрачната единица на МЗШВ, од понеделник до четврток, најдоцна до 12 часот. Готовите дозволи се принтаат од страна на вработените во подрачната единица и им се даваат на земјоделците.
  • Издадените дозволи за движење на земјоделците, важат до крајот на вонредната состојба.
  • Право на издавање на дозвола имаат само евидентираните земјоделци во Единствениот регистар на МЗШВ.
  • Фирмите чија дејност е поврзана со земјоделско производство имаат право самите да издаваат потврди за движење на своите вработени.

Ги повикуваме земјоделците да ги почитуваат новите препораки на Владата, и движењето да го користат исклучиво за работни обврски, со цел заеднички да придонесеме во справувањето со коронависрусот во нашата држава.

Телефонските броеви и е-маил адреси на подрачните единици на МЗШВ се во прилог:

Бр.ПОДРАЧНА ЕДИНИЦАЛице за контактТелефонмаил адреси
1БЕРОВОГоце Милошевски072/204-514pe.berovo@mzsv.gov.mk
2БИТОЛАМетодија Илиевски070/373-554pe.bitola@mzsv.gov.mk
3БОГОВИЊЕБасри Фератиpe.bogovinje@mzsv.gov.mk
4ВАЛАНДОВОВаско Камчев071/388-743pe.valandovo@mzsv.gov.mk
5ВЕВЧАНИТатјана Дуцкиноска-Петрескаpe.vevcani@mzsv.gov.mk
6ВЕЛЕСЗоран Наковски070/390-328pe.veles@mzsv.gov.mk
7ВИНИЦАЗоран Соколов071/367-258pe.vinica@mzsv.gov.mk
8ВРАПЧИШТЕГзим Ходаpe.vrapciste@mzsv.gov.mk
9ГАЗИ БАБАГоран Поповски070/389-456pe.gazibaba@mzsv.gov.mk
10ГЕВГЕЛИЈАДејан Маркудов070/410-947pe.gevgelija@mzsv.gov.mk
11ГОСТИВАРАли Елезиpe.gostivar@mzsv.gov.mk
12ДЕБАРАрбен Муладаути071/367-459pe.debar@mzsv.gov.mk
13ДЕЛЧЕВОИлче Каранфиловски070/410-954pe.delcevo@mzsv.gov.mk
14ДЕМ.ХИСАРВладимир Крстевскиpe.demirhisar@mzsv.gov.mk
15КАВАДАРЦИМитко Керов070/410-962pe.kavadarci@mzsv.gov.mk
16КАРПОШСашо Леонидов070/403-857pe.karpos@mzsv.gov.mk
17КИСЕЛА ВОДААзим Исеин078/210-781pe.kiselavoda@mzsv.gov.mk
18КИЧЕВОСнежана Софрониевска071/367-414pe.kicevo@mzsv.gov.mk
19КОЧАНИГоранче Миладинов070/410-961pe.kocani@mzsv.gov.mk
20КРАТОВОЉубе Цветановpe.kratovo@mzsv.gov.mk
21КР.ПАЛАНКАИвица Бојковски070/410-433pe.krivapalanka@mzsv.gov.mk
22КРУШЕВОСлавица Стефановска070/403-850pe.krusevo@mzsv.gov.mk
23КУМАНОВОНасер Даути070/403-849pe.kumanovo@mzsv.gov.mk
24МАК.БРОДАдријана Лаброска070/403-846pe.makedonskibrod@mzsv.gov.mk
25НЕГОТИНОСашко Минов070/390-116pe.negotino@mzsv.gov.mk
26ОХРИДСашо Сукловски070/410-952pe.ohrid@mzsv.gov.mk
27ПЕХЧЕВОЕлеонора Димитровpe.pehcevo@mzsv.gov.mk
28ПРИЛЕПЗоран Пачешкоски070/410-432pe.prilep@mzsv.gov.mk
29ПРОБИШТИПКузев Дарко070/410-435pe.probistip@mzsv.gov.mk
30РАДОВИШСтојан Ангелов070/410-948pe.radovis@mzsv.gov.mk
31РЕСЕНИгор Ивановски070/390-128pe.resen@mzsv.gov.mk
32СВ.НИКОЛЕДејан Гичев070/390-184pe.svetinikole@mzsv.gov.mk
33СТРУГААриета Велиу071/322-107pe.struga@mzsv.gov.mk
34СТРУМИЦАВасил Коцев070/410-431pe.strumica@mzsv.gov.mk
35ТЕТОВОАфрим Сејрани070/409-934pe.tetovo@mzsv.gov.mk
36ЧАИРМладен Колариќ070/403-859pe.cair@mzsv.gov.mk
37ШТИППавел Иванов070/410-946pe.stip@mzsv.gov.mk
38КРИВОГАШТАНИКоста Дурланов070/403-862pe.krivogastani@mzsv.gov.mk
39БРВЕНИЦААфрим Сејрани070/409-934pe.brvenica@mzsv.gov.mk
40РОСОМАНЗоранчо Шалев070/403-852pe.rosoman@mzsv.gov.mk
ВКУПНО

Последна прес-конференција

Филипче: Стратегијата на широко и интензивно тестирање, вклучувајќи и контакти на позитивните по индикација дава резултати

Филипче: Стратегијата на широко и интензивно тестирање, вклучувајќи и контакти на позитивните по индикација дава резултати

https://youtu.be/89Rfa8uESOg Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција информираше за најновата состојба со вирусот КОВИД-19 во нашата земја. Тој информираше и за статистиката во врска со пациентите, состојбата во болниците,...

Последна седница

Од 76-та седница на Владата: Донесени протоколите за работата на базените и плажите; Се укина одредбата од протоколот за работа на кафулиња и ресторани на една маса да седат двајца, или четворица само ако се во роднинска врска; Земјата се приклучува кон глобалната набавка на вакцини за КОВИД-19

Од 76-та седница на Владата: Донесени протоколите за работата на базените и плажите; Се укина одредбата од протоколот за работа на кафулиња и ресторани на една маса да седат двајца, или четворица само ако се во роднинска врска; Земјата се приклучува кон глобалната набавка на вакцини за КОВИД-19

Владата на Република Северна Македонија на денешната 76-та седница ги усвои протоколите што ги предложи Комисијата за заразни болести, а кои се однесуваат на работата на базените и на плажите во тек на пандемија со КОВИД-19. Согласно Протоколот за работата на плажите...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Денеска се регистрирани 934 нови случаи на Ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 30488, оздравени се 454 пациенти – починати се 5 лица

Денеска се регистрирани 934 нови случаи на Ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 30488, оздравени се 454 пациенти – починати се 5 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2748 тестирања, а регистрирани се 934 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-420, Куманово-35, Дебар-5, Штип-20, Прилеп-61, Тетово-58, Струга-5, Велес-82, Битола-33, Охрид-23, Кавадарци-19,...

Денеска се регистрирани 862 нови случаи на Ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 29558, оздравени се 223 пациенти – починати се 14 лица

Денеска се регистрирани 862 нови случаи на Ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 29558, оздравени се 223 пациенти – починати се 14 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2699 тестирања, а регистрирани се 862 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-390, Куманово-22, Штип-28, Прилеп-55, Тетово-48, Струга-9, Велес-53, Битола-31, Охрид-18, Кавадарци-24, Гостивар-18,...

Денеска се регистрирани 870 нови случаи на Ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 28697, оздравени се 292 пациенти – починати се 14 лица

Денеска се регистрирани 870 нови случаи на Ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 28697, оздравени се 292 пациенти – починати се 14 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2647 тестирања, а регистрирани се 870 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-422, Куманово-28, Дебар-10, Штип-25, Прилеп-28, Тетово-64, Струга-10, Велес-38, Битола-29, Охрид-26, Кавадарци-9,...