Информација за категориите и постапките за издавање дозволи за движење за граѓани и вработени во услови на ограничено движење на граѓаните на целата територија на државата

Објавено на: 08.04.2020 | 18:04

Владата на Република Северна Македонија информира кои институции даваат дозволи во услови на ограничено движење на граѓаните на целата територија на државата и за кои категории на граѓани. 

Во категорија на дозволи кои ги издава МИОА се опфатени:

  • Претставници на институции за кои со одлука на Кризниот штаб на Влада на Република Северна Македонија е утврдено дека имаат потреба да се движат во време на забраната за движење
  • Дежурни медиумски работници кои имаат потреба од работа на терен
  • Вработени во мали пекари/бурекчилници (најмногу до 5 вработени) со документ како доказ дека станува збор за микро претпријатие
  • Дежурни вработени во погребални претпријатија
  • Лица кои се грижат за лица кои имаат потреба од нега од друго лице-трето лице (со соодветна медицинска документација)
  • Одредени категории на земјоделци, по одлука на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Подрачните единици на МЗШВ се одговорни за подготовка на список на земјоделци

* Сите дозволи што ги обезбедува МИОА, се достапни преку порталот за uslugi.gov.mk. Во прилог видео материјал со кратко упатство за аплицирање за дозвола.

** Барањето за дозвола за движење на вработените во институции, медиуми, пекари/бурекчилници, погребални претпријатија, на порталот uslugi.gov.mk го поднесува раководителот на институцијата/директорот/овластеното лице во Централен регистар за своите вработени.

*** Барањето за дозвола за движење за лицата кои се грижат за трето лице, го поднесува лицето кое ја врши негата

Во категоријата дозволи за движење со јавување во МВР на 192 влегуваат: 

  • Вработени во агенции за обезбедување и чуварски служби
  • Вработени во сервисни компании (ЕВН, телекомуникациски и кабелски оператори, јавни и комунални претпријатија)

Општинските кризни штабови даваат услуги за: 

  • Достава на храна и основни продукти (ресторани и маркети)

Во отстапките за ограничено движење влегуваат вработените во компаниите за кои дозволи за движење ги издава работодавачот, и тоа:

  • Компании кои имаат регистрирано работа во трета и/или четврта смена во Државен инспекторат за труд
  • Медиуми кои имаат дежурни вработени за кои не е потребна работа на терен (движење од домот до работното место и назад)
  • Градежни компании за вработени кои се ангажирани за работа на објекти
  • Компании кои работат за време на викенд

Со оваа мерка се опфатени и категории на граѓани за кои не е потребна дозвола за движење, и тие се однесуваат на:

  • Превозници со товарни возила
  • За потреба на достава на стока (со соодветна документација)
  • Прошетка на домашни миленичиња (во дозволените периоди и во непосредна близина на домот)

Последна прес-конференција

Последна седница

Од 59-тата седница на Владата: Владата предлага прогласување вонредна состојба во наредните 14 дена; Уредба за ваучери во вонредна состојба за поддршка на домашниот туризам

Од 59-тата седница на Владата: Владата предлага прогласување вонредна состојба во наредните 14 дена; Уредба за ваучери во вонредна состојба за поддршка на домашниот туризам

Владата на Република Северна Македонија на денешната 59-та седница донесе заклучок да достави до Претседателот на Република Северна Македонија извештај за преземените активности на државните институции за справување со кризата предизвикана од коронавирус со анализа за...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

Останати вести

Денеска се потврдени 89 нови случаи на ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани 2315, оздравени се 17 пациенти – починати се 7 лица

Денеска се потврдени 89 нови случаи на ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани 2315, оздравени се 17 пациенти – починати се 7 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 727 тестирања, а регистрирани 89 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-35, Куманово-12, Штип-27, Прилеп-1, Тетово-7, Гостивар-1, Струмица-1, Кочани-4, Свети Николе-1. Денеска Институтот...

МТСП: Мерката за ослободување од работа на хронично болните лица, бремените жени, самохраните родители и другите ранливи категории граѓани, продолжува да важи

МТСП: Мерката за ослободување од работа на хронично болните лица, бремените жени, самохраните родители и другите ранливи категории граѓани, продолжува да важи

Министерството за труд и социјална политика информира дека хронично болните лица, родителите на дете до 10-годишна возраст или активно четврто одделение, бремените жени, самохраните родители, родителите на деца со попреченост кои користат дневен центар, лицата кои...

Денеска се потврдени 62 нови случаи на ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани 2226, оздравени се 17 пациенти – починати се 2 лица

Денеска се потврдени 62 нови случаи на ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани 2226, оздравени се 17 пациенти – починати се 2 лица

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти во: Скопје-5, Куманово-1, Тетово-9, Битола-1, Гостивар-1. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Струга (60г.) примен во болницата на 22 мај. Евидентиран е...