fbpx

Од 38-та седница на Владата: Одобрени првите бескаматни кредити за поддршка на 136 мали и средни компании со 1.737 вработени во висина од 1,26 милиони евра; Отстапки од забраната за движење за лицата со попреченост; Полицајците приправници се активирани во редовите на МВР, приправничкиот испит ќе се спроведе по завршувањето на вонредната состојба

Објавено на: 08.04.2020 | 17:04
Категории: Седници на Влада

Владата на Република Северна Македонија на денешната 38-ма седница дозволи посебен режим на движење за лицата со попреченост.

За овие наши граѓани нема да важи забраната за движење во периодот од 19:00 до 20:00 часот, од понеделник до петок, а во деновите на викенд од 11:00 до 13:00 часот.

Оваа мерка за дозвола на движење за лицата со попреченост се однесува и на лицата кои ги придружуваат овие граѓани за време на дозволеното движење во наведените временски периоди.

На оваа седница министрите во Владата ја разгледаа и усвоија информацијата за барањата кои ги исполнуваат критериумите од Јавниот повик бр.1 за кредити од Кредитната линија од Посебниот кредитен фонд (ПКФ) со цел намалување на последиците од коронавирусот КОВИД-19.

Владата ја задолжи Развојната банка на Северна Македонија АД да склучи договори за кредит со кредитобарателите кои ги исполнуваат условите и критериумите за бескаматни кредити. Според информацијата на Развојната банка на Северна Македонија, од обработените барања условите ги исполниле 136 компании со 1.737 вработени, и на нив им се одобруваат бескаматни кредити во вкупен износ од 1.263.079 евра.

Од овие 136 компании-апликанти, 96% се компании до 10 и компании до 50 вработени, што покажува дека средствата од бескаматната линија Ковид1 примарно ќе стигнат до микро и малите компании. Доставата на Информации со обработени кредитни апликации кои исполнуваат услови до Владата ќе се одвива редовно, на неделно ниво, сè додека не се исцрпат во целост средствата од кредитната линија Ковид1, односно од Кредитната линија од Посебниоткредитен фонд (ПКФ) со цел намалување на последиците од коронавирусот КОВИД-19.

Најдоцна до крајот на неделата Развојна банка ќе стапи во контакт со сите компании чии кредитни апликации беа одобрени на денешната Седница на Влада заради реализација на договорите за кредит.

Владата денеска ја донесе Уредбата со законска сила за изменување и дополнување на уредбата со законска сила за примена на Законот за внатрешни работи за време на вонредна состојба со која приправничкиот испит за полицајците приправници и за вработените со статус приправници се смета за положен.

На овој начин припадниците на МВР добиваат засилување од 544 полицајци и 100-тина инспектори кои ќе се распоредат на работни места во Министерството за внатрешни работи, и кои со целосни овластувања ќе можат да постапуваат.

Владата денеска ја донесе Уредбата со законска сила за примената на Законот за извршување на санкциите за време на вонредна состојба, согласно која се одлага извршувањето на упатните акти за извршување на казната затвор на лица осудени на казна затвор до три години и тоа до 01 септември 2020 година, освен за предметите каде постои опасност за застарување на казната. Исто така, до 01 септември 2020 година се одлага извршувањето на упатните акти кои се веќе доставени до казнено-поправните установи, освен за упатните акти за кои се веќе издадени меѓународни потерници. Додека, лицата кои се наоѓаат на издржување на мерка притвор по правосилноста на пресудата веднаш се упатуваат на издржување на казната затвор. Предлог Уредбата се донесува заради заштита од ширењето на болеста КОВИД-19 (коронавирус) во казнено-поправните установи.

На оваа седница е донесена и Уредба со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за нотаријатот за време на вонредна состојба во земјата во делот на обврската за одржување на испитите за нотари, со одредби за продолжување на мандатот на органите на Нотарската комора.

На предлог на Министерството за правда, Владата денеска донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за судска служба за време на вонредна состојба, со која вработените во судска служба кои се работно ангажирани за времетраењето на времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирус КОВИД-19, неискористениот дел од годишниот одмор од календарската 2019 година може да го искористат до 31 мај 2020 година, согласно потребите на работниот процес и врз основа на одобрение од претседателот на судот.

На вработените во судска служба кои се ослободени од извршување на работа и работни задачи, согласно мерките за заштита од ширење и превенција од коронавирус КОВИД-19, неискористениот дел од годишниот одмор од календарската 2019 година им се смета за искористен.

Истите овие одредби за користење на годишниот одмор, Владата ги донесе и во Уредбата со законска сила за примена на Законот за јавнообвинителска служба за време на вонредна состојба.

Неблагодарно е да шпекулираме со бројки за отпуштени работници како последица на кризата од КОВИД-19, бидејќи секое отпуштање од работа не значи дека е поврзано со корона кризата. Во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија секојдневно се случува одјави и пријави, но тие не може да ни го дадат точниот одговор, бидејќи некој кој што останал без работа денес во една фирма можеби после два дена ќе се вработи на друго место, и тоа не губење на работа.

Последна прес-конференција

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска ја лансираа кампањата „За моментите на среќа - Вакцинирај се!“. Кампањата има за цел да ги информира граѓаните за придобивките од вакцинацијата како...

Последна седница

Владата ги укина одлуките за задолжителни сертификати или потврди за имунизација или прележаност од КОВИД-19 при влез во земјата

Владата ги укина одлуките за задолжителни сертификати или потврди за имунизација или прележаност од КОВИД-19 при влез во земјата

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница донесе одлука да ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и предлогот на Главниот координативен штаб, со која престанува да важи обврската на домашните и странските државјани кои влегуваат во...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Владата ги укина одлуките за задолжителни сертификати или потврди за имунизација или прележаност од КОВИД-19 при влез во земјата

Владата ги укина одлуките за задолжителни сертификати или потврди за имунизација или прележаност од КОВИД-19 при влез во земјата

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница донесе одлука да ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и предлогот на Главниот координативен штаб, со која престанува да важи обврската на домашните и странските државјани кои влегуваат во...

Од 103-та седница на Владата: Донесени мерки и за излез од државата; Прифатен е предлогот наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар да започне онлајн во првите 14 дена, а во Кичево и Струга во првите 7;

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ги дополни мерките за спречување на проширувањето на вирусот што ја предизвикува заразната болест КОВИД-19 со кои од 1 септември 2021 година домашните и странски државјани и за излез од територијата на...

Од 97-мата седница: Зајакнати контроли за постоечките КОВИД-19 мерки, а од 16 август целосно се забрануваат секаков тип настани и работа на угостителски објекти на затворено; Од 15 август се воведува задолжителна потврда за вакцина, најмалку прва доза при влез на настан или објект со повеќе од 30 присутни на отворено;

На седницата, врз основа на препораката на Комисијата за заразни болести, во врска со заштита на населението од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2 и спречување на неговото ширење, членовите на Владата донесоа неколку заклучоци и одлуки: До 15...