fbpx

Владата прави сѐ да им се помогне на нашите граѓани во странство да се вратат во Северна Македонија, при што се обезбедени највисоки протоколи и здравствени стандарди

Објавено на: 08.04.2020 | 11:04
Категории: Соопштенија

Владата на Република Северна Македонија редовно ја информира јавноста за начинот и организацијата како се вршат активностите за враќање на македонските граѓани, кои се најдоа во странски земји, и прифаќањето во нашата држава за време на вонредната состојба предизвикана од коронавирусот.

Место за паника и загриженост не треба да има, бидејќи целата процедура се спроведува преку постапки и договори – од транспортот (авионски и автобуски) до нашата држава, превозот до објектот/хотел утврден како државен карантин и сместувањето во државниот карантин.

Организирање авионски превоз и пристигнување во нашата држава

Владата донесе уредба преку која граѓаните, кои пристигнуваат на граничните премини за влез во земјава, ќе бидат транспортирани до државните карантини секој ден во 10:00 часот и во 20:00 часот. Затоа Владата апелира до граѓаните кои мораат да допатуваат во земјава да ги планираат своите пристигнувања на граничните премини непосредно пред посочените термини со цел да не се создава гужва и чекање.

За организираните летови Владата објавува јавни повици за организирање авионски превоз за државјаните на Република Северна Македонија кои се во странство, а сакаат да се вратат во земјава. Повиците се подготвуваат по претходно добиена листа од Министерството за надворешни работи на пријавени патници, македонски граѓани со моментален престој во странство, а критериум за избор на најповолен понудувач е најниска цена.

Секој македонски граѓанин, кој се враќа во нашата земја со превозот организиран од Владата, има обврска самостојно да го плати авионскиот лет и за веќе утврдената процедура запознаени се сите патници.

Цената на летот по патник се дефинира, откако ќе се затвори листата на патници по авион, а цената на летот се дели со бројот на патници, и така се утврдува конечната цена што секој патник е должен да ја плати откако ќе пристигне во државата. За условите под кои се организираат овие летови, сите наши граѓани затекнати во други држави навреме и детално се информирани.

Ден претходно, граѓаните кои се враќаат во државата се контактирани од Министерството за надворешни работи и ги добиваат сите информации во врска со превозот и со државниот карантин, вклучително и цената и условите за превозот.

Сместување во државен карантин без никаков финансиски надомест

Еден од условите за спроведување на овие летови е обврската на граѓаните да потпишат договор за исполнување на нивниот дел од обврските и да прифатат да бидат сместени во државен карантин во објект што го обезбедува Владата без никаков финансиски надомест, како и да ги подмират трошоците за авионскиот превоз.

Транспорт од аеродром до локацијата за државен карантин во безбеден и строго контролиран автобуски превоз

При слетувањето на аеродромот патниците добиваат информација кон кој број на автобус треба да се упатат и на која локација со обезбеден државен карантин ќе бидат превезени.

Автобусите се со дезинфицирана внатрешност од страна на сертифицирана компанија, обезбедени со полициска придружба, а возачите се со целосна заштитна опрема и скафандери. За граѓаните има обезбедено закуска и вода.

Сместување во безбедни и строго контролирани државни карантини

За нашите граѓани е обезбедено сместување во безбедни и строго контролирани државни карантини со капацитет од 2104 легла во моментов во целата држава, во 19 сместувачки објекти.
За секој граѓанин сместен во државен карантински објект е направена епидемиолошка анкета и определен е соодветен режим во карантинскиот објект кој е целосно безбеден и строго контролиран и надгледуван од полицијата и војската.

Ниту еден граѓанин сместен во државен карантин во периодот од 14 дена не смее да ја напушти соба во која престојува, не смее да го напушти ниту објектот. Овие граѓани не се закана за никого.

Владата објави јавен повик за изразување интерес за сите хотели во државата кои имаат повеќе од 50 легла, а хотелите кои ќе ги стават своите капацитети на располагање треба да обезбедат три оброци дневно за секој граѓанин, којшто ќе користи легло, како и одржување на хигиената во хотелот.

Напуштање на објектите определени за државен карантин

Нашите граѓани, кои се сместени во објектите определени за државен карантин, истите ги напуштаат 14-тиот ден од сместувањето. Тие ги напуштаат објектите со сопствен превоз или превоз кој самите го имаат обезбедено.

Вработени во МВР и АРСМ, кои се задолжени за спроведување на редот и дисциплината во објектите, го воспоставуваат редот и на напуштање, при што лицата се отпуштаат според бројот на собата во која се сместени, без да дојде во контакт помеѓу сместените лица, односно соба по соба.

При напуштање на објектите, секое лице добива потврда дека бил сместен во карантин, потпишана од Генералниот секретар на Владата и од објектот во кој биле сместени.

Превоз од објектите за државен карантин до локацијата за самоизолација

Отпуштањето на лицата сместени во објекти во државен карантин се врши по стапување на сила на полицискиот час, со цел полесно контролира на движењето на лицата кои го напуштаат објектот, за нивна и за безбедност на другите.

МВР ги најавува сите возила со кои се врши превоз на лицата, кои се отпуштаат од државниот карантин, со цел непречено движење до објектот каде лицето ќе биде во самоизолација.
Лицето кое го напушта објектот за државен карантин, се превезува сам во возилото или заедно со лицето со кое било во соба, на задното седиште во превозното средство, во случај кога возилото го управува друг, при што сите лица во возилото задолжително носат заштитна маска и ракавици.

Не е дозволено превезување на повеќе лица (групирање) заради користење на заеднички превоз, освен кога станува збор за семејство кое самоизолацијата ќе ја вршат на иста адреса.

Задолжителна самоизолација во траење на 14 дена по напуштањето на државниот карантин

Лицата кои го напуштаат државниот карантин, задолжително спроведуваат самоизолација во траење на 14 дена, согласно Упатството за спроведување на државен карантин по донесена одлука на Владата.

При напуштање на државниот карантин лицата потпишуваат два примероци од изјавата за самоизолација (еден за Министерство за здравство, втор за Министерството за внатрешни работи) на кои се потпишуваат одговорниот лекар присутен за време на напуштањето и одговорниот од МВР.

Пред напуштање на државниот карантин, се врши проверка на здравјето на лицата сместени во државен карантин и доколку се утврдат симптоми на КОВИД-19, се постапува согласно донесените протоколи од Министерството за здравство.

Здравјето на граѓаните е најважно

Здравјето на граѓаните и неговата заштита во оваа ситуација се најважни, важно е и нашите граѓани кои биле во странство да се прифатени во Северна Македонија на највисоко ниво, затоа Владата секојдневно носи мерки, препораки, заклучоци и уредби, со цел да им се излезе пресрет на граѓаните и да им помогне да го сочуваат здравјето. Во оваа насока се и построгите ограничувања на движењето на граѓаните за да имаме помалку новозаболени и починати, се повеќе излечени, и побрзо како земја да излеземе од кризата со коронавирусот.

Последна прес-конференција

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска ја лансираа кампањата „За моментите на среќа - Вакцинирај се!“. Кампањата има за цел да ги информира граѓаните за придобивките од вакцинацијата како...

Последна седница

Од 103-та седница на Владата: Донесени мерки и за излез од државата; Прифатен е предлогот наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар да започне онлајн во првите 14 дена, а во Кичево и Струга во првите 7;

Од 103-та седница на Владата: Донесени мерки и за излез од државата; Прифатен е предлогот наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар да започне онлајн во првите 14 дена, а во Кичево и Струга во првите 7;

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ги дополни мерките за спречување на проширувањето на вирусот што ја предизвикува заразната болест КОВИД-19 со кои од 1 септември 2021 година домашните и странски државјани и за излез од територијата на...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

69% од позитивните со КОВИД-19 и 79% од починатите се невакцинирани

69% од позитивните со КОВИД-19 и 79% од починатите се невакцинирани

Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со КОВИД-19 во период од 6 август заклучно со 2 декември. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза...

Процена на ефективност на КОВИД-19 вакцините во спречување хоспитализација и смрт од КОВИД-19 во македонската популација

Процена на ефективност на КОВИД-19 вакцините во спречување хоспитализација и смрт од КОВИД-19 во македонската популација

Во првична сеопфатна анализа на ефективноста на КОВИД-19 вакцините во спречување хоспитализација и смрт од КОВИД-19 во македонската популација, беа следени сите корисници на националниот електронски здравствен систем „Мој Термин” од денот на првата регистрирана...

69% од новите случаи со КОВИД-19 се невакцинирани, од 468 хоспитализирани, 377 се невакцинирани

69% од новите случаи со КОВИД-19 се невакцинирани, од 468 хоспитализирани, 377 се невакцинирани

Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со КОВИД-19, во период од 6 август заклучно со 25 ноември 2021 година. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора...