Од 35-тата седница на Владата: Општинскиот кризен штаб на Куманово да определи маркет од кој на граѓаните на општината ќе им се доставуваат неопходни артикли преку системот на волонтери за време на викенд

Објавено на: 05.04.2020 | 12:04
Категории: Седници на Влада

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа 35-тата седница на која го разгледа и усвои записникот од деветнаесеттиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус КОВИД-19, кој се одржа непосредно пред седницата на Владата.

Врз основа на иформациите за воведената забрана за движење во Општина Куманово за време на викендот од петок во 21:00 часот до понеделник во 05:00 часот, Владата го задолжи Општинскиот кризен штаб на општина Куманово да определи економски оператор, односно марект од каде ќе се обезбедуваат само најнеопходните намирници, согласно приоритетните барања на граѓаните за време на забраната за движење на подрачјето на Општина Куманово, во деновите сабота и недела.

За оваа цел, се задолжува Општинскиот кризен штаб на општина Куманово, во соработка со Министерството за внатрешни работи да го организира движењето на лицата волонтери што ќе ги доставуваат најнеопходните намириници до домовите на граѓаните.

Владата ги задолжи сите органи на државната управа,  јавните претпријатија основани од државата, акционерски друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, им укажува на единиците на локалната самоуправа, на јавните претпријатија и другите правни лица основани од единиците на локалната самоуправа, и им препорачува на приватните компании, на граѓаните од Куманово кои работат во други градови, работното време во деновите од понеделник до петок да им завршува во период од 14:30 до 15:00 часот за да им се им обезбеди доволно време за да стигнат до своите домови до стартот на полицискиот час кој во овој град од идната недела, секој ден до деновите на викендот ќе започнува во 16:00 часот.

На оваа седница на Владата е донесена Уредбата со законска сила за утврдување на исплаќање на финансиска поддршка за сите спортисти, стручни лица и спортска администрација за време на траење на вонредната состојба.   

Последна прес-конференција

Филипче: Стратегијата на широко и интензивно тестирање, вклучувајќи и контакти на позитивните по индикација дава резултати

Филипче: Стратегијата на широко и интензивно тестирање, вклучувајќи и контакти на позитивните по индикација дава резултати

https://youtu.be/89Rfa8uESOg Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција информираше за најновата состојба со вирусот КОВИД-19 во нашата земја. Тој информираше и за статистиката во врска со пациентите, состојбата во болниците,...

Последна седница

Од 76-та седница на Владата: Донесени протоколите за работата на базените и плажите; Се укина одредбата од протоколот за работа на кафулиња и ресторани на една маса да седат двајца, или четворица само ако се во роднинска врска; Земјата се приклучува кон глобалната набавка на вакцини за КОВИД-19

Владата на Република Северна Македонија на денешната 76-та седница ги усвои протоколите што ги предложи Комисијата за заразни болести, а кои се однесуваат на работата на базените и на плажите во тек на пандемија со КОВИД-19. Согласно Протоколот за работата на плажите...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Од 76-та седница на Владата: Донесени протоколите за работата на базените и плажите; Се укина одредбата од протоколот за работа на кафулиња и ресторани на една маса да седат двајца, или четворица само ако се во роднинска врска; Земјата се приклучува кон глобалната набавка на вакцини за КОВИД-19

Од 76-та седница на Владата: Донесени протоколите за работата на базените и плажите; Се укина одредбата од протоколот за работа на кафулиња и ресторани на една маса да седат двајца, или четворица само ако се во роднинска врска; Земјата се приклучува кон глобалната набавка на вакцини за КОВИД-19

Владата на Република Северна Македонија на денешната 76-та седница ги усвои протоколите што ги предложи Комисијата за заразни болести, а кои се однесуваат на работата на базените и на плажите во тек на пандемија со КОВИД-19. Согласно Протоколот за работата на плажите...

Од 75-тата седница на Владата: Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина за влез во земјата мора да приложат негативен ПЦР тест

Од 75-тата седница на Владата: Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина за влез во земјата мора да приложат негативен ПЦР тест

Владата на Република Северна Македонија на 75-тата седница што се одржа денеска, донесе дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, со која од државјаните на Република Србија, Република Косово, Црна Гора и Босна и...

Од 73-тата седница на Владата: Престанува да важи забраната за одржување спортски натпревари, ќе се одржуваат без публика; Донесени протоколи за работа на музеи, галерии, за работа на компании за промотивни настани; Одлука за постоење кризна состојба на јужната и северна граница; За три пати се зголемува опфатот на граѓани за вакцинирање од сезонски грип

Владата на Република Северна Македонија на денешната 73-та седница донесе измени и дополнувања на Протоколот за редовна работа на уплатно-исплатни места на приредувачите на игри на среќа во обложувалница (трета фаза), измени и дополнувања на Протоколот за работа на...