fbpx

Од 15-тата седница на Владата: Донесени дополнителни мерки за превенција од ширење на корона вирусот; Во тек е подготовка на документ за стекнување статус Национален парк за Шар Планина

Објавено на: 10.03.2020 | 12:03
Категории: Седници на Влада

Преземете ги мерките и заклучоците од 15-тата Седница на Владата тука.

Владата на Република Северна Македонија на денешната 15-та редовна седница ја разгледа информацијата на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи за преземање дополнителни и заострени мерки и активности за превенција од ширење на корона вирусот по сугестија на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство.

Заклучоците со мерките на Владата кои, меѓу другото предвидуваат прекин на воспитно-образовниот процес во детските градинки, основното, средното и високото образование, забрана за масовни јавни настани и забрана за организираните патувања во високо ризичните земји, се објавени во претходното соопштение на Секторот за односи со јавност, и можете да ги најдете на следниот линк: https://vlada.mk/node/20446.

Од другите точки на денешната седница на Владата го издвојуваме заклучокот според кој барањето за итно отстапување на 143.000 литри Еуродизел БС гориво, за превоз на ученици од училиштата за средно образование на територијата на Општина Штип до завршување на учебната 2019/2020 година, се упатува до Бирото за јавни набавки со цел да се испочитува формално-правниот аспект на барањето за позитивен одговор на барањето на Општина Штип.

Владата денеска ја разгледа и усвои информација за статус на прогласување на Шар Планина за заштитено подрачје во категоријата национален парк и му препорача на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) да го издвои како посебна иницијатива предлогот за прогласување на дел од Осоговските планини за заштитено подрачје во категоријата заштитен предел од информативен карактер.

Согласно информацијата на МЖСПП, Владата им препорача на сите сектори вклучени во подготовката за определување на статусот национален парк (економија, шумарство, ловство, енергетика, транспорт, одбрана, туризам и др.), во рок од 15 дена да го достават своето мислење, по што МЖСПП ќе достави усогласен предлог до Владата на Република Северна Македонија за донесување Одлука за прифатливоста на предлогот за прогласување на дел од Шар Планина во категоријата национален парк.

На оваа своја седница Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за редефинирање на начинот и утврдување на критериумите за наменските и блок дотации за општините која има за цел да обезбеди зголемена фискална автономија на општините за да располагаат со доволно средства за спроведување на пренесените надлежности на ефикасен и ефективен начин, одржувајќи притоа висок степен на фискална дисциплина.

Според информацијата се предлага системот на финансирање со блок дотации да се заснова на начелото на финансирање на надлежности (функции), а не на институции и во таа насока да се унапреди со воведување систем за воедначување и преземање секторски мерки за зајакнување на секторската (функционална) децентрализација.

На денешната седница е разгледана и информацијата за потребата од законска пресметка и исплата на платите и надоместоците на плати на вработените во територијалните противпожарни единици (ТППЕ) во Република Северна Македонија, и во таа насока Владата го задолжи Министерството за локална самоуправа, и ѝ препорача на Заедницата на единиците на локалната самоуправа, заеднички да подготват постапка за подготовка на правилници за исплата на платите и надоместоците на плати на вработените во територијалните противпожарни единици.

На предлог на Министерство за финансии, Владата ја разгледа информацијата за склучување на Меморандум за соработка заради одржување на финансиска стабилност, за кој се предлага да го потпишат Народната банка на Република Северна Македонија, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија, Агенцијата за супервизија на осигурување, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, и Фондот за осигурување на депозити. Целта на меморандумот е уредување на меѓусебната соработката во следење на состојбите во финансискиот систем, преземањето активности за одржување на неговата стабилност и преземање соодветни макропрудентни мерки.

Согласно Меморандумот, ќе се формира Комитет за финансиска стабилност како меѓу институционално координативно тело и два поткомитети: Поткомитет за следење на системските ризици и предлагање макропрудентни мерки и Поткомитет за подготовка за управување со финансиска криза.

Последна прес-конференција

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска ја лансираа кампањата „За моментите на среќа - Вакцинирај се!“. Кампањата има за цел да ги информира граѓаните за придобивките од вакцинацијата како...

Последна седница

Владата ги укина одлуките за задолжителни сертификати или потврди за имунизација или прележаност од КОВИД-19 при влез во земјата

Владата ги укина одлуките за задолжителни сертификати или потврди за имунизација или прележаност од КОВИД-19 при влез во земјата

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница донесе одлука да ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и предлогот на Главниот координативен штаб, со која престанува да важи обврската на домашните и странските државјани кои влегуваат во...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Владата ги укина одлуките за задолжителни сертификати или потврди за имунизација или прележаност од КОВИД-19 при влез во земјата

Владата ги укина одлуките за задолжителни сертификати или потврди за имунизација или прележаност од КОВИД-19 при влез во земјата

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница донесе одлука да ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и предлогот на Главниот координативен штаб, со која престанува да важи обврската на домашните и странските државјани кои влегуваат во...

Од 103-та седница на Владата: Донесени мерки и за излез од државата; Прифатен е предлогот наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар да започне онлајн во првите 14 дена, а во Кичево и Струга во првите 7;

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ги дополни мерките за спречување на проширувањето на вирусот што ја предизвикува заразната болест КОВИД-19 со кои од 1 септември 2021 година домашните и странски државјани и за излез од територијата на...

Од 97-мата седница: Зајакнати контроли за постоечките КОВИД-19 мерки, а од 16 август целосно се забрануваат секаков тип настани и работа на угостителски објекти на затворено; Од 15 август се воведува задолжителна потврда за вакцина, најмалку прва доза при влез на настан или објект со повеќе од 30 присутни на отворено;

На седницата, врз основа на препораката на Комисијата за заразни болести, во врска со заштита на населението од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2 и спречување на неговото ширење, членовите на Владата донесоа неколку заклучоци и одлуки: До 15...