1.Процедури за хотелскиот дел

Прием и сместување

  • Поставена дезинфекциона бариера за обувки пред влезна врата, како и пулт за дезинфекција на раце во холот.
  • Во холот при влезот треба да биде истакната Welcome табла со љубезен поздрав и разбрирлив текст за чекорите и препораките кои треба да се почитуваат за време на престојот во објектот(носење заштитна маска и дезинфекција на раце).
  • Задолжително носењето на заштитна маска за гостите и вработените
  • На рецепцијата во хотелите, каде што пултот не е доволно широк да обезбеди потребно растојание (1,5 до 2 м),во делот каде ќе оперира рецепционерот, да биде поставена монтажна преграда (шалтер) издработен од прозирна пластика или стаклокоја во  долниот дел има отворен простор само за манипулирање со клуч и документи,
  • Монтажната преграда од прозирна пластика може да биде заменета со дополнително носење на визир од страна на рецепционерот
  • Гостите треба да пристапуваат до рецепцијата поединечно или во број којшто, во зависност од големината и распоредот на просторијата, оневозможува средби и којшто овозможува достатно меѓусебно растојание, а за тие што чекаат, треба да се воведат подни патокази или столпчиња за ограничување на приодот.
  • Давателите на услуги треба да ги отстранат предметите што ги допираат повеќе гости, на пр. играчки, списанија
  • Гостинот заедно со клучот добива флаер со совети за заштита и протокол за неговиот престој дефиниран од внатрешен тим на хотелот.
  • Давателот на услуги нуди единечни или двојни соби со прилагодувања, а во сместувачките капацитети со повеќе кревети може сместување само гости од едно домаќинство, коишто ќе го докажат тоа при пријавувањето.
  • Текстилните украсни елементи на тапацираниот мебел и креветот се отстрануваат (перници, ленти, украсни прекривки..)
  • Во собите за сместување и на рецепцијата се поставува средство за дезинфекција на рацете
  • Секојдневно одржувањето на хигиената на јавните простории и собите со употреба на средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100)  или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини
  • Персоналот мора да стави посебен нагласок на чистење и дезинфекција на предмети што ги допираат голем број раце (на пр. ограда на скали, прекинувачи, рачки, дршки, куки, копчиња во лифт).
  • Просториите треба редовно да се проветруваат
  • Во случај на повеќедневно престојување на гостинот во сместувачкиот капацитет возможно е дневно чистење од страна на персоналот само доколку гостинот изречно посака.
  • При чистење на повеќе сместувачки капацитети, мора да се води грижа да не се пренесе вирусот од еден сместувачки капацитет на друг преку заразена облека или заштитната опрема на персоналот.Се препорачува да се приспособат постапките на чистење така што би се спречило такво пренесување (на пр. употреба на заштитна облека/скутници за една употреба, промена на заштитната облека секој пат, итн.)
  • Плаќање со кредитна картичка како степен на заштита за да се намали ризикот од трансмисија на инфекцијата

 

2.Ресторански процедури

  • Служењето храна  на шведска маса не е дозволено
  • Вработените во угостителскиот објект кои послужуваат задолжително носат заштитни маски  и зачестено одржуваат  хигиена на раце .
  • Не е дозволено послужување на гости на стоење на шанк и стоечки маси.
  • Дезинфицирање на масата и столовите пред секој оброк и по завршување на истиот
  • Масите да се прекриени со хартиени или најлонски чаршаф за еднократна употреба или ако се користат стандардни чарашафи истите да се перат после секој послужен гостин
  • Масите да не се предходно сервирани ( доколку објектот има услови да постави средство за дезинфекција насекоја маса – доколку не гостите ќе можат да го користат средството за дезинфекција кое ќе биде поставено на влезот од ресторанот според препораките на СЗО.)
  • Каранфинглата и приборот кој предходно се дезинфицирани на масите се поставуваат по седнувањето на гостите, приборот да биде послужен во најлонска обвивка или во салфетка.
  • Келнерот е должен да води максимална грижа за својата хигиена со маска на лицето ги послужува гостите со внимавање на растојанието, но факт е дека келнерот не може да служи храна и пијалок од 2м растојание, затоа келнерот треба да одлучи колкаво е пристојното растојание што може да го одржи при послужување. После послужувањето келнерот стои на соодветно растојание и чека да биде повикан од гостите.
  • Сите апарати за точење на пијалок (вода, чај, кафе, сок и сл.) да се одстранат од употреба и пијалоците да се послужуваат по желба на гостите при послужувањето на масата.
  • Се забранува користењето на заеднички отворени садови при сервирање на кечап, сенф, сосови, масла, сол, шеќери, чаеви и слично, кои се споделуваат на повеќе од една маса
  • По завршување на оброците искористениот прибор се одстранува од масите и се носи на миење и дезинфицирање во нечистиот дел од кујната,согласно вообичаена процедура која ја налагаат ХАСАП стандардите каде што е наведено дека во шанкот и кујната треба да постои чист дел каде што се оперира и послужува храна и пијалок и дел каде што се одлага веќе искористениот прибор кој потоа се мие и дезинфицира.
  • Растојанието меѓу столчињата од соседните маси да биде од 1,5- 2м
  • На една маса со четири столици може да седат и да се послужуваат максимум две лица.
  • Засилени внатрешни контроли на вработените лица од страна на одговорно лице за одржување на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка, прием и послужување на храна
  • Засилени санитарно-хигиенски мерки, пребришување на масите со средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот при заминување на гостите од секоја маса.
  • На крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100)  или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
  • Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства
  • Забрането е користење на сушачи за раце во тоалетите и задолжително користење на хартиени бришачи за раце за еднократна употреба.

3. Употребата на санитарни јазли

  • Да се постави известување на влезната врата од санитарните јазли за задолжителна дезинфекција на рацете пред и после употреба.
  • Да се инсталира средство за дезинфекција пред влезната врата на санитарните јазли.
  • Да се обезбеди проток без застој на чекање во внатрешни тесни холови и потребната физичка дистанца со поставување ознаки, со цел да се намали ризикот од голем број на лица во санитарните јазли во исто време,
  • Задолжително е носење маска при користење на заедничките санитарни јазли,
  • Санитарните јазли задолжително се опремени со течен сапун, топла вода,корпа за отпадоци со капак на ножна педала и хартиени бришачи за раце за еднократна употреба како и диспанзер со средства за дезинфекција за раце, на база на 70% алкохол или препорачано вируцидно средство за дезинфекција;
  • чистење и дезинфекција на санитарните јазли, подови и сите нивни површини, неколку пати во текот на денот (најмалку на секој час) со употреба на средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
  • корпи со капак на ножна педала кои се внатрешно поставени со пластични ќеси, за собирање на отпадоци од користени маски и ракавици, видно означени и поставени на повеќе места во внатрешноста и на терасите , за отстранување на користени маски, ракавици и сл.

 4. Општи препораки за гости

  • Доследно следење на упатствата од персоналот во врска со обезбедување соодветно меѓусебно растојание, складирање на багаж и гардероба, начинот на давање услуги, употреба на опрема, користење на тоалети, плаќање за услуги.
  • Треба да се ограничат големи собири, со доследно следење на начелата за соодветно меѓусебно растојание.
  • Внатре, покрај одржувањето на соодветно меѓусебно растојание за време на епидемија, употребата на маска за лице или други облици на заштита што ги покриваат устата и носот (шал, крпа или слични облици на заштита) е исто така задолжителна.
  • Доследна грижа за хигиената на рацете, со миење со сапун и вода или дезинфекција по допир на какви било нечисти површини.

 5. Препораки за постапување при појава на случај со симптоми на Ковид-19

  •  Доколку вработен заболи од акутна респираторна инфекција, останува дома и се јавува на матичниот лекар.
  • Го известува својот претпоставен за својата здравствена состојба. Доколку е позитивен на КОВИД-19, го известува претпоставениот кој го известува ВЕДНАШ регионалниот центар за јавно здравје за појавата на КОВИД-19 меѓу вработените.
  • Епидемиолошката служба што ќе го добие извештајот за потврден случај отпочнува со епидемиолошка истрага, идентификува блиски контакти на работното место и предлага мерки за нив.
  • Доколку вработениотбил во контакт со лице коешто покажало знаци на акутна респираторна инфекција, треба да ја следи својата здравствена состојба 14 денаи доколку развие симптоми се јавува на матечниот  лекар и го известува претпоставениот.
  • Доколку гостин заболи со треска или знаци на акутна респираторна инфекција, давателот на услуги треба да се јави во дежурната служба на најблискиот здравствен дом. Гостинот треба да чека во изолација. Нека носи маска. Да употребува само одредени тоалети и мијалници. Епидемиолошката служба што ќе го добие извештајот за потврден случај спроведува епидемиолошка истрага, идентификува блиски контакти и предлага мерки за нив.
  • Просториите каде што се движел заболениот гостин од КОВИД-19 темелно се чистат и дезинфицираат. Исто така, просториите темелно се проветруваат.