Препораки:

  • Да се намали употребата на просториите со намалена вентилација и зголемена влажност како што се соблекувалните и други помали простории,како алтернатива може да се користат трибините на самите базени и терасите(доколку дозволуваат временските услови) на кои секој од клубовите ќе добие соодветен простор.На самите трибини има добра циркулација на воздух и доволно место за одржување на соодветното социјално растојание.
  • Сите што ќе влегуваат на базен да носат маски на лицето
  • Мерење на температура на влезот од базенот и дезинфекција на рацете
  • Да се зголеми употребата на хлор во водата и да се достигне нивото од 2,0 PPM-а
  • Да се постават видливи ознаки на подот на базенот кои ќе го покажуват дозволеното физичко растојание.

Пред пливање:

  • Пливачите да доаѓаат на базен со веќе облечени купаки и пливачка капа на себе со што родителите нема да се задржуваат во базенот.
  • Опремата која се користи во текот на пливањето да се носи од дома
  • Да се носи шише со вода за да не мора во текот на тренингот пливачот да излегува за да пие вода со што се избегнува допирање на чешмите
  • Доколку е возможно да се избегне допирање на кваки,врати,клупи и др.
  • Доколку некој од вашето блиско опкружување не се чуствува добро не е пожелно да се доаѓа на тренинг

За време на тренингот:

  • Да се следат препораките за социјално дистанцирање и да се одржува растојание од 1,5-2м во самата стаза и да се ограничи бројот на пливачи во патеката.
  • За време на тренингот да не се прави физички контакт со другите,односно да нема ракување и прегрнување
  • Да не се допира лицето
  • Да не се дели опремата за пливање,пешкирот или шишето со пијалот
  • Да се намали одењето во тоалет и сите физиолошки потреби да се извршат пред доаѓање на тренинг.
  • Да се држи социјална дистанца од другите пливачи во текот на одморот,за ова ќе се користат маркери кои ќе бидат видиливи и ќе се постават на самата ивица од базенот со што секој пливач ќе го знае местото на кое ќе се стои во патеката.
  • Задржувањето при одмор за пливачите на сите клубови ќе се прави исклучиво на едната страна од патеката(пливачите од сите клубови да стојат на десната страна од патеката со што се задржува пропишаното растојание помеѓу пливачите)
  • Тренерите за време на тренингот ќе носат маски
  • Завреме додека тренира една група другата група би се подготува на трибинскиот простор или просорот на терасата или гардеробите како би избегнале контакт едни со други.

После тренингот:

  • Да се напушти базенот веднаш после тренинг
  • Туширањето да се прави дома
  • Да не се користат соблекувалните, туку базенскиопт простор , просторот под трибините и на трибините како и терасите.