fbpx

Често поставувани прашања

Информирајте се добро за КОВИД-19 и Коронавирусот и дознајте ги одговорите на вашите често поставувани прашања.

Дали автоматски сушач за раце е ефикасен во уништувањето на честичките на новиот коронавирус?

Не. Автоматскиот сушач за раце не е ефикасен во уништување на коронавирусот. За да се заштитите од новиот коронавирус потребно е често миење на рацете со сапун и вода или со триење со средство кое содржи алкохол, а откако ќе ви се исчистат рацете, треба темелно да ги...

Колку се ефикасни термалните скенери за откривање лица заразени со новиот коронавирус?

Термалните скенери се ефикасни при откривање на лицата кои развиле треска, односно имаат повисока телесна температура од нормалната, заради инфекција со новиот коронавирус. Сепак, тие не можат да го детектираат вирусот кај лица кои се заразени, но се уште не развиле...

Дали новиот коронавирус влијае на постарите луѓе и дали помладите се подложни на вирусот?

Луѓето од сите возрасти можат да бидат заразени од новиот коронавирус. Постарите лица, како и лицата со претходни здравствени состојби, како што се: астма, дијабетес и срцеви заболувања се подложни на сериозни компликации од вирусот. СЗО ги советува луѓето од сите...

Ќе се воведе ли електронско следење на лица во изолација преку мобилна апликација?

На ова работиме заедно со Министерството за информатичко општество. Се изработува ваква апликација по пример на европските земји која би можела да се користи во некои области. По изготвување на апликацијата, таа веднаш  ќе биде презентирана на...

Ќе има ли задолжително тестирање на сите лица кои биле во задолжителна самоизолација по завршување на пропишаниот периодот на изолација?

Комисијата за заразни болести смета дека ако по 14 дена не се појават никакви симптоми на заболувањето, поединецот не треба да биде тестиран. Ова важи и за луѓето кои се во домашна самоизолација и  во државен карантин. Ако е поминато времето на инкубација и нема...

Какви се мерките за заштита за пациенти со ретки болести?

Пациентите со ретка болест кои имаат состојба која е предмет на овие мерки  или се имунолошки компромитирани – веќе се влезени во мерките за заштита. Но некои од пациентите со ретки болести кои не се проследени со придружни ризични состојби, може сосема  нормално да...

Има ли можност преку „Мој термин„ итно да се закаже тестирање за корона?

Постои алгоритам кој ги вклучува матичните лекари, кои ќе направат првична проценка. Во  случај  на итност, секогаш е отворена Инфективната клинка каде примарно се прави клинички преглед  и согласно тој преглед се индицира...

Како КОВИД 19 ги погодува новороденчињата?

Според  првичните информации,  многу е мал процентот на заразени новороденчиња. Досега не е сретнат случај на вертикален пренос на вирусот од мајката на детето. Исто така процентот на заболени/позитивни трудници во однос на вкупниот број на заразени е многу низок. На...

Дали некој кој е заболен од КОВИД 19, има лесни симптоми и поминал во изолација 14 дена може повторно да се зарази со вирусот?

Некои публикации укажуваат на оваа можност, но тоа се ретки примери.  Вакви информации најдовме во публикации од Кина кои бележат случаи пациентот повторно да е позитивен на...

Дали мајките на кои им завршува породилното отсуство, а немаат потврди дека децата им се запишани во градинка, ќе можат да го продолжат породилното отсуство и на кој начин?

ФЗО ќе биде задолжен да изнајде соодветно решение за ова. Едно од можните решенија би било децата административно да се запишат во градинка, а второто е ФЗО по автоматизам  да го продолжи породилното отсуство. Решението на овој проблем ќе биде по една од овие две...

Прочитајте ги останатите прашања и одговори од страна на Светската здравствена организација, со клик на линкот.

Заедно против лажните вести

Митови и вистини за КОВИД-19

Прочитајте ги митовите и вистините за заболувањето КОВИД-19 и новиот Коронавирус.

Дали домашните миленици можат да го пренесуваат новиот коронавирус?

Во моментов, нема докази дека животните – придружници/домашни миленици, како кучиња или мачки можат да бидат заразени со новиот коронавирус.

Сепак, секогаш е добра идејата да ги миете рацете со сапун и вода после контакт со домашните миленици. Ова Ве штити и од бактерии, како што се E. coli и Salmonella кои можат да се пренесуваат меѓу домашните миленици и луѓето.

Дали новиот коронавирус ги зафаќа постарите луѓе или и помладите се исто така осетливи на инфекција?

Луѓето од сите возрасти можат да бидат заразени од новиот коронавирус (SARS-nCoV-19).

Постарите лица и лицата со хронични заболувања (како астма, дијабетес, срцеви заболувања) се чини дека се поосетливи на сериозно заболување од вирусот. СЗО ги советува луѓето од сите возрасти да преземат мерки за да се заштитат од вирусот, на пример практикување на добра хигиена на рацете и добра респираторна хигиена.

Дали антибиотиците се ефикасни во превенција и лекување на новиот коронавирус?

Не, антибиотиците не делуваат на вирусите, само на бактериите.

Новиот коронавирус (2019-nCoV) е вирус, затоа антибиотиците не треба да се користат за негова превенција и лекување. Но, доколку сте хоспитализирани заради 2019-nCoV, може да Ви бидат препишани антибиотици затоа што е можна бактериска ко-инфекција.

Дали постојат специфични лекови за превенција или лекување на новиот коронавирус?

До денес, не е препорачан специфичен лек за превенција или лекување на новиот коронавирус (2019-nCoV).

Сепак, оние заразени со вирусот треба да добијат соодветна грижа за олеснување и лекување на симптомите, а оние кои ќе развијат тешко заболување треба да  добијат соодветен супортивен третман.

Некои специфични третмани се истражуваат и ќе бидат тестирани преку клинички испитувања. СЗО помага во забрзување на напорите за истражување со низа партнери.

Дали земањето на Тамифлу (oseltamivir) може да се користи во лекување на коронавирус (2019-nCoV)?

Сéуште нема податоци кои може со сигурност да потврдат дека со Тамифлу (оseltamivir) може да се лекува новиот коронавирус (2019-nCoV).

СЗО итно работи со истражувачите и докторите во целиот свет за да ги испита можните начини за третман на вирусот. Ова го вклучува и испитувањето дали постоечките антивирусни лекови може да делуваат на вирусот. Сепак, ова испитување е сéуште во рана фаза и нема дополнителни препораки.

Дали постоечките вакцини против пневмонија може да Ве заштитат против новиот коронавирус?

Не. Постоечките вакцини против пневмонија, како пневмококната вакцина и вакцината против Хемофилус инфлуенца тип Б (Hib)-инфекциите, не обезбедуваат заштита против новиот коронавирус (2019-nCoV).

Вирусот е дотолку нов и различен што за него е потребна посебна вакцина. Истражувачите се обидуваат да развијат вакцина против 2019-nCoV, а СЗО ги подржува нивните напори. Иако споменатите вакцини не се ефикасни против 2019-nCoV, се препорачува вакцинација против респираторните заболувања за заштита на Вашето здравје.

Дали е безбедно да се добие писмо или пакет од Кина?

Луѓето кои примаат пакети од Кина, не се изложени на ризик да заболат од новиот коронавирус (2019-nCoV).

Од претходни сознанија и анализи, знаеме дека коронавирусите не преживуваат долго на предмети, како што се писма или пакети.