fbpx

Често поставувани прашања

Информирајте се добро за КОВИД-19 и Коронавирусот и дознајте ги одговорите на вашите често поставувани прашања.

Дали се размислува да се хоспитализираат сите оние кои се позитивни на КОВИД 19 ?

Стручниот колегиум на Клиниката за инфективни болести донесе алгоритам за лекување според кој  луѓето со лесни форми на вирусот КОВИД 19 ќе се лекуваат во домашни услови во комуникација со нивните матични...

Kористењето на крвна плазма од излекувани од КОВИД 19 се покажа како успешна терапија во некои земји во светот. Дали и во нашите здравствени установи ќе се применува овој метод на лекување?

Постојат неколку публикувани случаи за вакво лекување – со крвна плазма од ковалесценти од КОВИД 19. Овие денови се изготвува протокол за вакво лекување од страна на  специјалисти на Институтот за трансфузиолгија. Овој протокол треба да помине соодветна процедура и во...

Во период на појава на пролетни алергии – како луѓето да ги разликуваат симптомите на алергија и КОВИД 19?

Клучна разлика според која може да се препознае вирусот КОВИД 19  е фебрилната состојба (зголемена температура) и сува кашлица. Сите оние кои се сомнeваат дека се зaболени од вирусот, можат да се консултираат со својот матичен лекар за симптомите во било кое...

Колкав период треба да седат во самоизолација оние кои се излечени од КОВИД 19 во домашни услови?

За сите заболени – и оние кои се  дома и оние кои се хоспитализирани важи ист алгоритам –  нужно е да се направат два теста за вирусот КОВИД 19. Целиот процес на лекување и тестирање за  оние кои се лечат во домашни услови, е под контрола на матичните лекари. По...

Дали се точни тврдењата дека дека „Бe-се-же“ вакцината штити од вирусот КОВИД 19?

Постојат некои студии дека вакцината против туберкулоза „Бе–се–же“ како имуномодулатор, делува врз зголемување на отпорноста кон КОВИД 19. Сепак, се` уште е рано во оваа фаза на испитување, да се донесуваат дефинитивни заклучоци. Имаме само индиции дека оваа вакцина...

Досега не беше регулирано правото на движење на придружниците и помагателите на лицата со попреченост. Како ова ќе се регулира?

Може да се издаде дозвола за движење на лица помагатели на лица со попреченост врз основа на медицинска документација за лицата за кои се прави негата. Заинтересираните би требало да аплицираат за дозвола во Министерството за информатичко општество.  Министерство...

Дали во сегашнава ситуација здравствениот систем може да одговори на потребите на пациентите со сериозни заболувања, неврзано со КОВИД 19?

Сите јавни здравствени установи добро се придржуваат до препораките за пациенти со малигни болести и сите кои се индицирани како итни. На ниту еден пациент не му е ускратена...

Прочитајте ги останатите прашања и одговори од страна на Светската здравствена организација, со клик на линкот.

Заедно против лажните вести

Митови и вистини за КОВИД-19

Прочитајте ги митовите и вистините за заболувањето КОВИД-19 и новиот Коронавирус.

Дали домашните миленици можат да го пренесуваат новиот коронавирус?

Во моментов, нема докази дека животните – придружници/домашни миленици, како кучиња или мачки можат да бидат заразени со новиот коронавирус.

Сепак, секогаш е добра идејата да ги миете рацете со сапун и вода после контакт со домашните миленици. Ова Ве штити и од бактерии, како што се E. coli и Salmonella кои можат да се пренесуваат меѓу домашните миленици и луѓето.

Дали новиот коронавирус ги зафаќа постарите луѓе или и помладите се исто така осетливи на инфекција?

Луѓето од сите возрасти можат да бидат заразени од новиот коронавирус (SARS-nCoV-19).

Постарите лица и лицата со хронични заболувања (како астма, дијабетес, срцеви заболувања) се чини дека се поосетливи на сериозно заболување од вирусот. СЗО ги советува луѓето од сите возрасти да преземат мерки за да се заштитат од вирусот, на пример практикување на добра хигиена на рацете и добра респираторна хигиена.

Дали антибиотиците се ефикасни во превенција и лекување на новиот коронавирус?

Не, антибиотиците не делуваат на вирусите, само на бактериите.

Новиот коронавирус (2019-nCoV) е вирус, затоа антибиотиците не треба да се користат за негова превенција и лекување. Но, доколку сте хоспитализирани заради 2019-nCoV, може да Ви бидат препишани антибиотици затоа што е можна бактериска ко-инфекција.

Дали постојат специфични лекови за превенција или лекување на новиот коронавирус?

До денес, не е препорачан специфичен лек за превенција или лекување на новиот коронавирус (2019-nCoV).

Сепак, оние заразени со вирусот треба да добијат соодветна грижа за олеснување и лекување на симптомите, а оние кои ќе развијат тешко заболување треба да  добијат соодветен супортивен третман.

Некои специфични третмани се истражуваат и ќе бидат тестирани преку клинички испитувања. СЗО помага во забрзување на напорите за истражување со низа партнери.

Дали земањето на Тамифлу (oseltamivir) може да се користи во лекување на коронавирус (2019-nCoV)?

Сéуште нема податоци кои може со сигурност да потврдат дека со Тамифлу (оseltamivir) може да се лекува новиот коронавирус (2019-nCoV).

СЗО итно работи со истражувачите и докторите во целиот свет за да ги испита можните начини за третман на вирусот. Ова го вклучува и испитувањето дали постоечките антивирусни лекови може да делуваат на вирусот. Сепак, ова испитување е сéуште во рана фаза и нема дополнителни препораки.

Дали постоечките вакцини против пневмонија може да Ве заштитат против новиот коронавирус?

Не. Постоечките вакцини против пневмонија, како пневмококната вакцина и вакцината против Хемофилус инфлуенца тип Б (Hib)-инфекциите, не обезбедуваат заштита против новиот коронавирус (2019-nCoV).

Вирусот е дотолку нов и различен што за него е потребна посебна вакцина. Истражувачите се обидуваат да развијат вакцина против 2019-nCoV, а СЗО ги подржува нивните напори. Иако споменатите вакцини не се ефикасни против 2019-nCoV, се препорачува вакцинација против респираторните заболувања за заштита на Вашето здравје.

Дали е безбедно да се добие писмо или пакет од Кина?

Луѓето кои примаат пакети од Кина, не се изложени на ризик да заболат од новиот коронавирус (2019-nCoV).

Од претходни сознанија и анализи, знаеме дека коронавирусите не преживуваат долго на предмети, како што се писма или пакети.