Често поставувани прашања

Информирајте се добро за КОВИД-19 и Коронавирусот и дознајте ги одговорите на вашите често поставувани прашања.

Дали при третман на КОВИД 19 се размислува за алтернативи методи како хомеопатијата?

Нашата медицина ја темелиме исклучиво врз докази. Ова особено важи за најтешките пациенти кои се на интензивна нега. Кога се соочуваме со многу компликации при лечењето, се потпираме на нашите искуства.   Со други, алтернативни методи – немаме искуство и со нив...

Дали граѓаните задолжително треба да носат ракавици како мерка за заштита од КОВИД 19 при излегување надвор?

Доколку се внимава и не се манипулира  премногу околу устата и носот и  ако често се мијат рацете – ракавиците не се неопходни. Засега препорачуваме само задолжително носење на маска за...

Дали лице на кое му е препорачана самоизолација, за таа намена треба да користи боледување или годишен одмор како што сугерираат некои работодавци?

На сите пациенти кои што се отпуштаат од болница  им следува боледување кое го препишува матичниот лекар. За оваа намена, исто така, не треба да се користат денови од годишниот...

Дали има најавени нови чартер летови за враќање на наши граѓани од странство?

Досега во Република Северна Македонија врати околу 3000 граѓани кои беа ставени во државен карантин.  За враќање на наши граѓани од странство досега имаше два повика и се` помина во најдобар ред. Немаме нови најави за организирање чартер летови за враќање наши...

Како ги толкувате најавите на СЗО во врска со КОВИД-19, дека најлошото допрва доаѓа?

Претпоставуваме дека ова се темели на претпоставката дека вирусот нема да исчезне по првиот бран. Сепак, ние сметаме дека овие првични искуства  се драгоцени и благодарение на нив ќе се амортизира бројот на пациенти во иднина.  Сега здравствените системи, не...

Може ли да се предвиди дали вирусот ќе исчезне по пикот епидемијата?

И по пикот на епидемијата и натаму ќе има луѓе кои ќе заболуваат од КОВИД-19. Вирусот нема да исчезне, но со рестриктивните и заштитните мерки очекуваме да има тренд на опаѓање. Во одреден период, по пикот на епидемијата, планираме да направиме скенирање на имунитетот...

Занаетчија – самостоен вршител на дејност како може да аплицира за мерката за плата од 14.500 денари за месец април и мај

Одговор: Лице кое врши занаетчиска дејност – барател на финансиска поддршка поднесува Барање за финансиска поддршка за исплата на финансиски средства до Управата за јавни приходи. Формата и содржината на Барањето за финансиска поддршка за исплата на финансиска...

Обврзник сум на данок на добивка . Може ли да ми го објасните делот за враќање на парите добиени за финансиска поддршка за плата како 50% од остварениот финансиски резултат? Ве молам да ми дадете примери за да го разберам? Дали ако остварам загуба треба да вратам?

ЗАГУБА (ДАНОЧНА ОСНОВА = НУЛА) Обврзник на данокот на добивка кој искористил мерка за финансиска поддршка во износ од 14.500 месечно по вработен, НЕМА да ги враќа применитеата финансиски средства ако искажал ЗАГУБА како финансиски резултат во Билансот на успех за 2020...

Обврзник сум на годишен данок на вкупен приход. Може ли да ми го објасните делот за враќање на парите добиени за финансиска поддршка за плата како 50% од остварениот финансиски резултат? Ве молам да ми дадете примери за да го разберам? Дали ако остварам загуба треба да вратам?

ЗАГУБА – Обврзник на годишниот данок на вкупен приход кој искористил мерка за финансиска поддршка во износ од 14.500 месечно по вработен, НЕМА да ги враќа примените средства од финансиски средства ако искажал ЗАГУБА како финансиски резултат во Билансот на успех за...

Прочитајте ги останатите прашања и одговори од страна на Светската здравствена организација, со клик на линкот.

Заедно против лажните вести

Митови и вистини за КОВИД-19

Прочитајте ги митовите и вистините за заболувањето КОВИД-19 и новиот Коронавирус.

Дали домашните миленици можат да го пренесуваат новиот коронавирус?

Во моментов, нема докази дека животните – придружници/домашни миленици, како кучиња или мачки можат да бидат заразени со новиот коронавирус.

Сепак, секогаш е добра идејата да ги миете рацете со сапун и вода после контакт со домашните миленици. Ова Ве штити и од бактерии, како што се E. coli и Salmonella кои можат да се пренесуваат меѓу домашните миленици и луѓето.

Дали новиот коронавирус ги зафаќа постарите луѓе или и помладите се исто така осетливи на инфекција?

Луѓето од сите возрасти можат да бидат заразени од новиот коронавирус (SARS-nCoV-19).

Постарите лица и лицата со хронични заболувања (како астма, дијабетес, срцеви заболувања) се чини дека се поосетливи на сериозно заболување од вирусот. СЗО ги советува луѓето од сите возрасти да преземат мерки за да се заштитат од вирусот, на пример практикување на добра хигиена на рацете и добра респираторна хигиена.

Дали антибиотиците се ефикасни во превенција и лекување на новиот коронавирус?

Не, антибиотиците не делуваат на вирусите, само на бактериите.

Новиот коронавирус (2019-nCoV) е вирус, затоа антибиотиците не треба да се користат за негова превенција и лекување. Но, доколку сте хоспитализирани заради 2019-nCoV, може да Ви бидат препишани антибиотици затоа што е можна бактериска ко-инфекција.

Дали постојат специфични лекови за превенција или лекување на новиот коронавирус?

До денес, не е препорачан специфичен лек за превенција или лекување на новиот коронавирус (2019-nCoV).

Сепак, оние заразени со вирусот треба да добијат соодветна грижа за олеснување и лекување на симптомите, а оние кои ќе развијат тешко заболување треба да  добијат соодветен супортивен третман.

Некои специфични третмани се истражуваат и ќе бидат тестирани преку клинички испитувања. СЗО помага во забрзување на напорите за истражување со низа партнери.

Дали земањето на Тамифлу (oseltamivir) може да се користи во лекување на коронавирус (2019-nCoV)?

Сéуште нема податоци кои може со сигурност да потврдат дека со Тамифлу (оseltamivir) може да се лекува новиот коронавирус (2019-nCoV).

СЗО итно работи со истражувачите и докторите во целиот свет за да ги испита можните начини за третман на вирусот. Ова го вклучува и испитувањето дали постоечките антивирусни лекови може да делуваат на вирусот. Сепак, ова испитување е сéуште во рана фаза и нема дополнителни препораки.

Дали постоечките вакцини против пневмонија може да Ве заштитат против новиот коронавирус?

Не. Постоечките вакцини против пневмонија, како пневмококната вакцина и вакцината против Хемофилус инфлуенца тип Б (Hib)-инфекциите, не обезбедуваат заштита против новиот коронавирус (2019-nCoV).

Вирусот е дотолку нов и различен што за него е потребна посебна вакцина. Истражувачите се обидуваат да развијат вакцина против 2019-nCoV, а СЗО ги подржува нивните напори. Иако споменатите вакцини не се ефикасни против 2019-nCoV, се препорачува вакцинација против респираторните заболувања за заштита на Вашето здравје.

Дали е безбедно да се добие писмо или пакет од Кина?

Луѓето кои примаат пакети од Кина, не се изложени на ризик да заболат од новиот коронавирус (2019-nCoV).

Од претходни сознанија и анализи, знаеме дека коронавирусите не преживуваат долго на предмети, како што се писма или пакети.