Психолошка поддршка
Телефонска психолошка поддршка за оние граѓани и ранливи групи на пациенти кои овој вид на поддршка им е потребен:

Психолошка поддршка на родители на деца од предучилишна и училишна возраст
072 912 676

Психолошка поддршка на возрасни лица во самоизолација
072 919 009

Психолошка поддршка на граѓаните на општина Дебар и општина Центар Жупа, во соработка со Општа Болница Дебар
070 241 807

Психолошка поддршка за родители на деца со попреченост
070 291 574

Психолошка поддршка за тинејџери и нивните родители
078 378 728

Психолошка поддршка на деца на училишна возраст, родители на деца на предучилишна и училишна возраст
072 912 676

Трудниците и родилките на кои им е потребна психолошка поддршка
078 378 766

Психолошка поддршка за лица со нарушување на слухот, говорот и гласот преку Viber
072 919 009

Психолошка поддршка за лица во самоизолација на албански јазик
072 919 009
Како да ги намалам негативните мисли и чувства?
Одржувањето контакт со личности од доверба е најдобриот начин да ја намалите вознемиреноста, нерасположеноста и осаменоста при социјална дистанцираност, карантин и изолација.
Редовно комуницирајте со вашите пријатели и семејства преку телефон, социјални медиуми или интернет конекции. Споделувајте им ги вашите чувства и мисли, разрешувајте ги проблемите кои ви се јавуваат и
видете колку ви е тоа од помош.
Организирајте достава на весници, книги и филмови и следете омилени телевизиски и радио програми.
За да се опуштите, правете едноставни физички вежби доколку можете и секојдневно бавете се со некоја активност што ве смирува (пр. читање, филм, плетење, пишување…). Обидете се да воспоставите дневна рутина која ќе ви го исполнува денот и ќе го прави предвидлив (пр. одредено време на спиење, будење, јадење итн.).
Не заборавајте и да ја одржувате позитивноста, бидејќи секогаш има нешто за кое сте благодарни или нешто за што се надевате. Ако ви помага, редовно запишувајте си ги овие мисли и навраќајте се на нив.
Доколку негативните мисли и чувства се интензивни и траат подолго време, стапете во контакт со психијатар или психолог преку телефонска или интернет конекција. Универзитетската клиника за психијатрија нуди контакти за психолошка поддршка и психијатриска консултација.
Што после изолацијата или карантинот?
По завршување на потребниот период на карантин или изолација може да доживеете мешани чувства. Може да доживеете олеснување заради промена на ситуацијата или тага и лутина затоа што некои околу вас се сеуште претпазливи во ваша близина или пак ве одбегнуваат.
Наједноставниот пристап во овој случај е да дознаете повеќе за вирусот, третманот и ризиците кои ги носи. Споделувањето на соодветните информации е најдобриот начин да го намалите стравот и несигурноста кај другите. Доколку имате потешкотии со тоа, тука се стручните лица кои може да ви пружат помош и поддршка.
Бесплатен телефон за информации околу КОВИД-19
0800 002 03
Национален call центар за информирање