ВОНРЕДНА СОСТОЈБА И ПОЛИЦИСКИ ЧАС

Република Северна Македонија од 19 март, 2020 година се наоѓа во вонредна состојба.

Забрането движење за сите граѓани, во целата држава од недела, 24 мај, 11:00 часот до вторник, 26 мај, 05:00 часот.

Сите граѓани се должни да носат лична заштитна опрема на лицето при излегување надвор од својот дом, односно при движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори каде се собираат повеќе лица (државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, чекални, здравствени институции и слично).

Сите граѓани се должни во своите седишта, подружници и објекти во кои ја обавуваат својата дејност, да обезбедат носење лична заштитна опрема на нос и уста од страна на сите физички лица кои работат и да забранат влез и движење низ овие простории на секое физичко лица кое влегува како посетител во овие простории, а кое нема да носи лична заштитна опрема.

Сите домашни и странски физички лица, симптоматски и асимптоматски, на кои им е извршено тестирање за присуство на коронавирус КОВИД-19 во нивниот организам, се ставаат во задолжителна самоизолација и тоа од моментот на земањето на материјалот за тестирање (брис од уста, брис од грло, брис од нос, крв и слично), сé до добивањето на негативен резултат.

 

Мерки на Владата / Забрани за движење на граѓаните

  • Забрането движење за сите граѓани, во целата држава од недела, 24 мај, 11:00 часот до вторник, 26 мај, 05:00 часот.
  • Се забранува движење на возила од јавен превоз на територијата на Република Северна Македонија, во временски период од 19:00 часот до 5:00 часот наредниот ден.
  • Секој граѓанин мора да носи лична заштитна опрема на лицето при излегување надвор од својот дом, односно при движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори каде се собираат повеќе лица.
  • Се забранува пристап на лица и возила во Парк шума „Водно“, секој ден, во период од 18:00 часот до 6:00 часот наредниот ден.
  • Се забранува собирање во група поголема од две лица, во паркови и на други јавни места и површини.