Како да се заштитите од КОВИД-19?
Добро прочитајте ги инструкциите за заштита и превенција од КОВИД-19, со цел да останете здрави и да ги заштитите вашите најблиски.

Често миење на рацете
Мијте ги рацете често,користејќи сапун и вода,подолго од 20 секунди, внимавајќи да ги опфатите сите делови од дланката и прстите.

Често дезинфицирајте
Користете средства за дезинфекција или алкохолни марамчиња.

Носете маска
Сите граѓани се должни да носат лична заштитна опрема на лицето на јавни места и површини од затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори каде се собираат повеќе лица.

Кашлајте или кивајте во марамче
При кашлање или кивање покријте ги носот и устата со марамче за еднократна употреба и веднаш потоа фрлете го на безбедно место. Доколку немате марамче, покријте ги носот и устата со рака свиткана во лактот.
Заштита за лица со хронични болести и бремени жени
Симптоми на коронавирусот
Првичните симптоми кои се јавуваат кај лицата заразени со коронавирусот се:

Висока температура и треска

Тешка кашлица

Отежнато дишење
Грижете се за менталното здравје!
Не заборавајте да се грижите за своето ментално здравје за време на КОВИД-19 кризата.
Споделете и следете ги овие совети!
Дознај повеќе за коронавирусот
Како се шири вирусот?
Дали има лек / вакцина?
За здравствени работници

Дознај повеќе
КОВИД-19 е заболување предизвикано од SARS-CoV-2 вирусот
Дознај повеќе КОВИД-19 е заболување предизвикано од SARS-CoV-2 вирусот
Вирусот е причинител на акутно вирусно респираторно заболување. Преносот од човек на човек е можен, преку допир и преку капков пат (кивање, кашлање и слично).
Првичните искуства покажуваат дека постарите лица и хронично болните се изложени на поголем мризик од компликации и тешки форми на заболувањето. Периодот на инкубација на вирусот е најмногу 14 дена, во кој заразените лица не покажуваат симптоми, но можат да го пренесат вирусот на други лица.
Чувствувате симптоми?
Јавете се на вашиот матичен лекар или на:
0800 002 03
Национален call центар за информирање