Симптоми на коронавирусот

КОВИД-19 е заболување предизвикано од SARS-CoV-2 вирусот. Вирусот е причинител на акутно вирусно респираторно заболување. Преносот од човек на човек е можен, преку допир и преку капков пат (кивање, кашлање и слично).

Кои се симптомите на КОВИД-19?

blank

Висока температура и треска

blank

Тешка кашлица

blank

Отежнато дишење

blank

Како се пренесува КОВИД-19?

Новиот коронавирус е респираторен вирус кој примарно се пренесува преку контакт со заболено лице, односно преку неговите респираторни секрети кои се распрскуваат во вид на ситни капки кога заразениот кашла и кива, преку плунка или течење од носот.

Болеста може да предизвика сериозни компликации кои може да ја нарушат функцијата на:

  • органите за дишење;
  • кардиоваскуларниот систем;
  • на бубрезите.

Болеста може да варира од лесна до тешка форма, со можни фатални последици.

r

Доколку ги чувствувате симптомите, НЕ одете на лекар! Јавете се веднаш на вашиот матичен лекар или на телефонските контакти.

Вашите прашања за заболувањето?

blank

Колку е опасен КОВИД-19?

Како и другите респираторни заболувања, инфекцијата со КОВИД-19 може да предизвика умерени симптоми вклучително: течење на носот, болки во грлото, кашлица и треска. Кај некои лица може да се јави потешка клиничка слика, односно може да дојде развој на пневмонија или тешкотии во дишењето.

blank

Дали може КОВИД-19 да се пренесе од човек на човек?

Да, КОВИД-19 предизвикува респираторнo заболувањe и може да се пренесе од човек на човек, обично по близок контакт со заболен, на пример дома, на работно место или во здравствена установа.

blank

Дали може КОВИД-19 да се добие од лице кое нема симптоми?

Според моментално достапните податоци, се смета дека е можно лицата заразени со КОВИД-19 да бидат заразни и пред да развијат симптоми на болест. Сепак, вирусот најчесто го шират лица кои имаат симптоми.

blank

Кој е изложен на ризик од развој на потешки симптоми од КОВИД-19?

Треба да се направат дополнителни истражувања за да се дадат прецизни информации за тоа како КОВИД-19 влијае врз луѓето. Според достапните податоци, постарите лица и лицата со претходно постоечки заболувања (дијабет, срцеви заболувања и др.) имаат поголем ризик за развој на потешки симптоми.

blank

Колку долго преживува КОВИД-19 на површини?

Сѐ уште не е познато колку долго преживува КОВИД-19 на површини, иако првичните информации сугерираат дека вирусот може да преживее неколку часа. Едноставни средства за дезинфекција можат да го уништат вирусот, со што веќе не е можно да зарази луѓе.

blank

Кој може да се зарази со КОВИД-19?

Луѓето кои живеат или патуваат во област каде што циркулира КОВИД-19 може да бидат изложени на ризик од инфекција.

Чувствувате симптоми?

Јавете се веднаш кај вашиот матичен лекар или во најблискиот центар за јавно здравје.

0800 002 03

Национален call центар за информирање

ИЈЗ Скопје

ЦЈЗ Велес

ПЕ Гостивар

ЗД Скопје

ЦЈЗ Кочани

ПЕ Гевгелија

ЦЈЗ Скопје

ЦЈЗ Куманово

ЦЈЗ Битола

ЦЈЗ Охрид

ЦЈЗ Тетово

ЦЈЗ Прилеп

ЦЈЗ Штип

ЦЈЗ Струмица

Заедно против лажните вести

Митови и вистини за КОВИД-19

Прочитајте ги митовите и вистините за заболувањето КОВИД-19 и новиот Коронавирус.