Префрли се онлајн

Фактот дека сме физички оддалечени од работните места, не значи дека голем дел од професиите не можат да се работат во домашни услови. Северна Македонија е целосно покриена со Интернет, што овозможува користење на голем број на бесплатни алатки за комуникација со најблиските и работа од дома, во рамки на работните тимови.

Бесплатни Интернет алатки за работа од дома

Во продолжение ќе ви предожиме неколку Интернет алатки преку кои можете да одржувате контакт со најблиските, преку вашиот паметен телефон, таблет, лаптоп, десктоп компјутер или телевизор.

Преку паметен телефон:

Viber, Whatsapp, Facebook Messenger, Hangouts, Skype и Zoom.

Преку компјутер / лаптоп / таблет / смарт ТВ:

Hangouts, Skype, Zoom или meet.jit.si.

Доколку не знаете како да се поврзете, побарајте телефонска помош од вашите најблиски.

Не ризикувајте, одбивајте средби / состаноци во живо. Мислете на себеси и на најблиските. Заштите се!

Онлајн средбите / состаноци се подеднакво реални и интересни.

Совети за префрлање на работната канцеларија во вашиот дом

Воспоставување на домашна канцеларија.

Обезбедете работен простор во домашни услови, кој ќе биде наменет за работните часови. Домашната канцеларија по можност треба да биде изолирано место на страна од заедничките простории. Токму онака како што би работеле на вашето работно место.

Сите кои работат имаат право на пауза, па затоа е важно во текот на 8 часовниот работен ден да се држиме до веќе воспоставените рутини кои ги имаме на работното место. Најважно е да осигураме дека имаме адекватна Интернет конекција и да обезбедиме место каде ќе ги зачувуваме работните документи. Доколку постои, работните документи да бидат достапни до сите од работниот тим, осигурајте се дека имате пристап до серверот на работа или папки на клауд [cloud] како Google Drive, Dropbox, Microsoft One Drive и слични сервиси.

Дополнително, осигурајте се дека имате воспоставено систем каде во живо ќе комуницираате со претпоставените и колегите од вашиот тим. Тоа може да го правите преку индивидуални или групни (тимски) групи на десктоп или мобилни апликации за комуникација со работните тимови како Slack, Whatsapp, Viber и т.н.

Доколку имате проблеми да инстелираате некоја од овие апликации на вашиот компјутер, секогаш преку апликацијата TeamViewеr или Chrome Remote Desktop можете да му дозволите пристат до вашиот уред на некој од колегите за техничка поддршка.

Доколку надредениот сака да има увид колку работни часови поминуваат од дома вработените, истото можат да го направат преку апликации како што е AnyDesk, каде може да се набљудува и мониторира работата и да се даваат дополнителни инструкции.

Совети за организирање, при работа од дома.

Чекор 1:
Определете ги точните работни задачи на секој од тимот. Определете ги конкретните цели кои секој треба да ги постигне и истите вметнете ги во жива табела, каде секој ќе може да следи [Пример: на Google Drive]. На овој начин секој ќе знае точно што треба да сработи и во кој временски рок.

Чекор 2:
Доколку немате интерни е-маил листи за комуникација, користете некој од бесплатните сервиси како Google Groups, каде што можете да ги поделите вработените по сектори и секој да добива дневни задачи преку е-маил.

Чекор 3:
Одржување на работна дисциплина и дневна комуникација со тимовите и вработените. Постојат повеќе алатки за видео конференции. Утрото покрај е-маил комуникација може да содржи и виртуелни видео конференции, кои предлагаме да се во фиксни термини и да се закажани преку онлајн календари, преку кои може да се координираат дневните активности и обврски. Најчесто користени алатки за ова се Zoom и Google Hangouts. За помали тимови може да користите и Скајп или видео конференции на Viber или Whatsapp.

Чекор 4:
Евиденција на сработените обврски може да се води во Excel или пак во дел од бесплатните и платени софтвери кои овозможуваат евиденција на работниот тек. Важно е да се одржи дневната рутина на начин на кој се одржува на работното место.

Чекор 5:
Постојат голем број на предности преку домашните канцеларии, голем дел од дневните трошоци на вработените се намалуваат, но се намалуваат и логистичките трошоци на секоја од компаниите, како што се (транспорт, печатење, канцелариски залихи и слично) Ова им дава можност на бизнисите да ги скратат непродуктивните трошоци а да ги одржат платите на вработените на исто ниво.

Препораки

Концептот на домашна канцеларија не е драстично различен од концептот на организирана канцеларија на едно место за сите врабтени.

Одржувајте ги дневните рутини како да сте на работа.

Функционирајте за време на работните часови кои се определени од компанијата, освен ако не е поинаку регулирано.

Важно е одржувањето на веќе воспоставениот био-ритам, навиките и одговорноста. Нарушувањето на истите предизвикува дополнителна нестабилност и во онака кризно време.

Консултирајте се со вашите колеги и со претпоставените доколку наидете на проблеми при текот на работа.

Имајте во секоја компанија назначено техничко лице или тим кој ќе им помага на вработените да ги надминат техничките проблеми доколку се појават.

Изгответе туторијали кои лесно и едноставно им објаснуваат на вработените како да се прилагодат на новата ситуација или пак да обезбедат интернет конеција. На пример: Доколку немаат WiFi во својот дом, тогаш како да го користат мобилниот телефон да се вклучат во работните процеси.

Обезбедете егрономско/удобно место каде што ќе седите во текот на часовите додека сте на работа во виртуелната канцеларија и доволно светло.

Секако, се крати времето на патување до работа, од дома можете и да вежбате, да правите кратки паузи со најблиските и да конзумирате квалитетна и готвена храна. Од дома ќе останете заштитени од Коронавирусот.