Сите патници кои доаѓаат од земјите со висок и среден ризик задолжително мора да се задржат во самоизолација од 14 дена во нивниот дом и да пријават на надлежните доколку почувствуваат симптоми.
Следуваат санкции за сите лица кои ќе ја прекршат мерката за задолжителна самоизолација!
Како се држи правилна самоизолација?
За сите патници (возрасни и деца) кои доаѓаат од ризичните земји на СOVID-19, согласно препораките на Комисијата за заразни болести при МЗ и Владата на Република Северна Македонија, се препорачува домашна изолација во траење од 14 дена од денот на влегувањето во Република Северна Македонија. За контактите на потврден случај со СOVID-19, ДСЗИ издаде решенија за здравствен надзор и домашна изолација.
Домашната изолација подразбира 24 часовен престој во домашни услови, во текот на 14 дена:

Останете дома
Останете дома, освен во случај на итност. Доколку имате можност, работете од дома.

Избегнувајте близок контакт
Одделете се од останатите во различни простории. Редовно проветрувајте ги просториите.

Користете посебни санитарии
Доколку имате на располагање, користете посебен тоалет/бања. Во спротивно редовно дезинфицирајте го оној кој сите го користат.

Користете посебни прибори за јадење
Избегнувајте заедничко користење предмети за домаќинство како крпи за раце, постелнина, чаши, прибор за јадење.

Избегнувајте контакт со доставувачи
Доколку нарачувате храна/продукти преку достава, друг член на домаќинството да ги превзема, избегнете контакт со доставувачот.

Држете растојание
Бидете на безбедно растојание со другите поголемо од 2 метри.

Често дезинфицирајте
Чистете ги површините во домот коишто најчесто ги користите.

Следете ги препораките
Следете ги препораките за превенција од здравствените установи.
Проверете дали ги имате симптомите
Кои се симптомите на КОВИД-19?
Првичните симптоми кои се јавуваат кај лицата заразени со вирусот КОВИД-19 се:

Висока температура и треска

Тешка кашлица

Отежнато дишење
Чувствувате симптоми?
Јавете се веднаш кај вашиот матичен лекар или во најблискиот центар за јавно здравје.
0800 002 03
Национален call центар за информирање