Коронавирус заболување од 2019 година
Коронавирус заболувањето од 2019 година (Coronavirus disease – COVID-19) е заразно заболување предизвикано од новиот коронавирус, наречен SARS-nCoV-2, за прв пат откриен во Кина, во декември 2019 година.
Повеќето луѓе кои се заразени со КОВИД-19 ќе почувствуваат лесна до средба респираторна болест и ќе заздрават без било каков специјален третман. Постарите луѓе и оние со хронични заболувања како срцеви проблеми, диабетес, хронични белодробни заболувања и тумори можат да стекнат многу по изразена, па дури и критична клиничка слика.
Најдобриот начин да се спречи, односно намали пренесувањето на вирусот од човек на човек е доколку правилно се инфомирате за начините како да се заштитите. Заштитете се од заразата преку често миење на рацете со сапун и вода, подолго од 20 секунди, дезинфицирање на рацете кога немате пристап до сапун и вода со алкохолно средство за дезинфекција и обидете се да не го допирате лицето со рацете. Држењето на правилна самоизолација е исто така добар начин да се спречи пренесувањето на вирусот, како и држењето на социјална дистанца со другите луѓе околу вас.
КОВИД-19 примарно се шири преку капки на плунка или секрет од носот на заразена личност, кога тој ќе кивне или ќе кашла. Затоа многу е важно да се држиме до простите правила на правилно однесување, како на пример да кашламе и киваме во марамче или пак да го покриеме носот и устата со свиткан лакт.
Во овој момент, не постои специфична вакцина или начин на лекување на заболувањето. Но, во овој момент, во многу лаборатории и болници се вршат тестирања и клинички студии за евентуален лек или вакцина.
Извор: Светска здравствена организација
Проверете дали ги имате симптомите
Кои се симптомите на КОВИД-19?
Првичните симптоми кои се јавуваат кај лицата заразени со вирусот КОВИД-19 се:

Висока температура и треска

Тешка кашлица
