fbpx

Заштита од коронавирусот

КОВИД-19 е заболување предизвикано од SARS-CoV-2 , вирус од фамилијата коронавирус, првично откриен во Кина во декември 2019 година. Вирусот е причинител на акутно вирусно респираторно заболување. Преносот од човек на човек е можен, преку допир и преку капков пат (кивање, кашлање и слично).

Како да се заштитите од КОВИД-19?

Добро прочитајте ги инструкциите за заштита и превенција од КОВИД-19, со цел да останете здрави и да ги заштитите вашите најблиски.

blank

Често миење на рацете

Мијте ги рацете често,користејќи сапун и вода,подолго од 20 секунди, внимавајќи да ги опфатите сите делови од дланката и прстите.

blank

Избегнувајте близок контакт

Избегнувајте близок контакт, седете на дистанца поголема од 2 метра со болни лица или лица кои се вратиле од патување од земја со висок или среден ризик.

blank

Често дезинфицирајте

Користете средства за дезинфекција или алкохолни марамчиња.

blank

Носете маска

Сите граѓани се должни да носат лична заштитна опрема на лицето при излегување надвор од својот дом, односно при движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори каде се собираат повеќе лица.

blank

Кашлајте или кивајте во марамче

При кашлање или кивање покријте ги носот и устата со марамче за еднократна употреба и веднаш потоа фрлете го на безбедно место. Доколку немате марамче, покријте ги носот и устата со рака свиткана во лактот.

blank

Не излегувајте ако немате итна потреба

Седете дома и не излегувајте, освен доколку не морате. Забранети се групирања со повеќе од 2 лица.

blank

Државен карантин за сите патници

Сите граѓани кои се враќаат назад во државата мораат задолжително да бидат во државен карантин 14 дена.

blank

Задолжителна самоизолација од 14 дена

Сите лица кои имале контакт со заболени или изложени лица на КОВИД-19, мораат задолжително да се пријават и да останат во самоизолација од 14 дена во нивниот дом.

Симптоми на коронавирусот

Првичните симптоми кои се јавуваат кај лицата заразени со коронавирусот се:

blank

Висока температура и треска

blank

Тешка кашлица

blank

Отежнато дишење

Грижете се за менталното здравје!

Не заборавајте да се грижите за своето ментално здравје за време на КОВИД-19 кризата.

Споделете и следете ги овие совети!

Дознај повеќе за коронавирусот

w

Како се шири вирусот?

Дали има лек / вакцина?

За здравствени работници

blank
Дознај повеќе

КОВИД-19 е заболување предизвикано од SARS-CoV-2 вирусот

Дознај повеќе КОВИД-19 е заболување предизвикано од SARS-CoV-2 вирусот

Вирусот е причинител на акутно вирусно респираторно заболување. Преносот од човек на човек е можен, преку допир и преку капков пат (кивање, кашлање и слично).

Првичните искуства покажуваат дека постарите лица и хронично болните се изложени на поголем мризик од компликации и тешки форми на заболувањето. Периодот на инкубација на вирусот е најмногу 14 дена, во кој заразените лица не покажуваат симптоми, но можат да го пренесат вирусот на други лица.

Чувствувате симптоми?

Јавете се на вашиот матичен лекар или на:

0800 002 03

Национален call центар за информирање

ИЈЗ Скопје

ЦЈЗ Велес

ПЕ Гостивар

ЗД Скопје

ЦЈЗ Кочани

ПЕ Гевгелија

ЦЈЗ Скопје

ЦЈЗ Куманово

ЦЈЗ Битола

ЦЈЗ Охрид

ЦЈЗ Тетово

ЦЈЗ Прилеп

ЦЈЗ Штип

ЦЈЗ Струмица