Мерки на Министерството за здравство

На оваа страница можете да ги прочитате сите мерки преземени од страна на Министерството за здравство за борба против КОВИД-19.

Препораки на Министерството за здравство

Препораки за возрасни, хронично болни и бремени жени

Се препорачува на возрасните и високоризичните категории на граѓани со хронични болести да го намалат своето движење и да го избегнуваат јавниот превоз. 

Се утврдуваат следните категории на лица кои треба да бидат ослободени од работа и работни активности врз основа на приложена потврда од матичен лекар за следниве состојби:

  • Хронични респираторни заболувања;
  • Тешки кардиоваскуларни заболувања;
  • Дијабет – ТИП1;
  • Малигни заболувања; и
  • Имуно-компромитирачки состојби.

Се упатува заклучок и препорака од страна на Владата на Република Северна Македонија до сите органи на државната управа и до едниците на локалната самоуправа за времен прекин од работни обврски (не одење на работно место и да останат во своите домови) за бремените жени и хроничните болни лица.

Препораки на Министерството за здравство

Мерки на министерствата

Што преземаат министерствата во борбата со заболувањето КОВИД-19, предизвикано од новиот Коронавирус?

Кликнете на амблемите за да дознаете повеќе.

blank
blank
blank
blank
blank
blank
blank
blank
blank
blank