Мерки на Министерството за правда

На оваа страница можете да ги прочитате клучните мерки преземени од страна на Министерството за правда за борба против КОВИД-19.

Препораки на Министерството за правда

Препорака: Сите судења за кои постојат законски услови да продолжат со зголемено ниво на претпазливост

Следејќи ги препораките на Министерство за здравство, а со цел зголемена заштита на странките во постапките, Министерството за правда препорачува продолжување на судските постапки со зголемено ниво на претпазливост.

Сите судења за кои постојат законски услови треба да продолжат. Се препорачува оние судења за кои има масовен јавен интерес да продолжат со редуциран број на физичко присуство на јавноста за кои треба да се овозможи алтернативен начин за следење на судењето покрај физичкото присуство.

Се препорачува искористување на просториите во кои има физичко одделување на учесниците во постапката и јавноста, како и користење на други  можности за информирање, како видео пренос и слично.

Исто така очекуваме во судовите и јавното обвинителство да се почитуваат сите останати мерки кои до сега ги препорача Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија.

Се суспендира примената на Правилникот за работно време на нотарските канцеларии, (Сл.весник на РМ  бр.  226/16 и 165/17). Нотарските канцеларии се должни да го организираат своето работно време согласно потребите на граѓаните и правните лица и кадровските можности во секоја од канцелариите, притоа имајќи ги предвид одлуките на Владата за прогласување на кризна состојба на определени подрачја и одлуките за справување со вирусот КОВИД-19. 

За своето  работно време секоја од канцелариите е должна да истакне видливо  соопштение на својата влезна врата од надворешната страна  и  за истото да ја извести Нотарската комора, која  таквиот податок ќе го евидентира на својата веб страна во делот на Именик на нотари, со цел да им биде податокот достапен на сите заинтересирани без  притоа да има потреба  од непосредно одење пред нотарските канцеларии. Нотарот е должен  на соопштението да остави и телефонски број во случај на итни потреби на граѓаните од нотарска услуга.

Нотарот е должен да оневозможи пристап во канцеларијата на повеќе странки истовремено. Доколку во предметот има повеќе учесници, нотарот е должен да обезбеди раздалеченост помеѓу секој од нив од 2 метри и посебно пенкало за потпишување за секој од учесниците, со цел да се превенираат непосредни директни контакти помеѓу учесниците.

Нотарот е должен да овозможи средства за дезинфекција на рацете на странките, како и на пенкалата кои се користат во канцеларијата.

Нотарските канцеларии се должни да се придржуваат до овие мерки и тековно да ги следат информациите и препораките на Владата во однос на заштита и превенција од КОВИД -19,  со оглед на сериозноста на состојбата со пандемијата  и општествената одговорноста на секој поединец и институција, вршител на јавни овластувања и слично, во правец на реализација на истите, без притоа да се наруши општественото живеење и потребите на граѓаните и деловната заедница.

Воедно, ја информираме јавноста дека Комората на извршителите постапувајќи по препораките на Владата и Министерството за здравство, минатата донесе низа мерки за безбедни извршителски услуги. Истите се достапни овде.

Контакт со Министерството за правда

Е-пошта: publicrelation@mjustice.gov.mk

Телефон: 02 3116 493

Мерки на министерствата

Што преземаат министерствата во борбата со заболувањето КОВИД-19, предизвикано од новиот Коронавирус?

Кликнете на амблемите за да дознаете повеќе.

blank
blank
blank
blank
blank
blank
blank
blank
blank
blank