Мерки на Министерството за одбрана

На оваа страница можете да ги прочитате клучните мерки преземени од страна на Министерството за одбрана за борба против КОВИД-19.

Препораки на Министерството за одбрана

Министерството за одбрана го ограничува бројот на средби со странки – комуникацијата ќе се одвива телефонски, преку е-пошта или со видео конференциска врска.

Донесена е одлуката бројот на средби со странки да се сведе на минимум. Одлуката е донесена за да се елиминира секоја можност од ширење на коронавирусот.

Сите што имаат потреба за контакт со Министерството за одбрана, тоа можат да го направат на следните е-пошти и телефонски броеви:

  1. dragan.karulovski@mod.gov.mk – 02 328 2539
  2. besim.hasalari@mod.gov.mk – 02 328 2535

Доколку е неопходно да се одржи состанок со странки за да тече непречено работата на министерството, состанокот ќе биде организиран преку виде-конференциска врска.

Апелираме до нашите соработници да ги почитуваат превентивните мерки кои ги донесе Владата, да сториме се’ да го спречиме ширењето на вирусот КОВИД-19 во државата.

Во таа насока, сите раководители на ОЕ и овластени службеници во Министерството за одбрана, се задолжуваат горенаведените мерки и активности кое ги донело Министерството за одбрана да им ги посочат на сите надворешни субјекти со кои комуницираат службено и да ги замолат да имаат разбирање за тековната ситуација.

Мерки кои ги презема Министерството

Министерстото донесе одлука да се откажат сите службени патувања  на вработените (конференции, средби, обуки, курсеви ), во земјите со висок и среден ризик.

Сите кои службено отпатувале пред оваа одлука, по враќањето во земјата задолжително ќе останат во домашна изолација 14 дена.

Во моментов припадници на Армијата не се ангажирани на воени вежби во земјите од ризични подрачја.

За да се елиминира секоја можност од ширење на вирусот, министерството за одбрана го ограничи бројот на средби со странки – комуникацијата ќе се одвива телефонски, преку меил или со видео конференциска врска.

Доставена е наредба до сите командни единици редовно да се вршат превентивни хигиенски мерки, постојано чистење и дезинфицирање на просториите, питомците од Воената Академија се пуштени од настава дома, се врши редовна дезинфекција на автобусите за превоз на припадници на Армијата.

Со наредба од началникот на Генералштабот, командантот на Военомедицинскиот центар е обврзан да биде информиран за развојот на настаните во Армијата и да биде подготвен за контакт и евентуална соработка со соодветните здравствени институции во државата.

Епидемиолозите во Военомедицинскиот центар се задолжени да ја следат здравствената состојба на припадниците на Армијата и да го контролираат спроведувањето на превентивните мерки за елиминирање на опасноста од ширење на вирусот.

Министерството и Армијата ги спроведуваат сите превентивни мерки наложени од владата. Армијата е во оперативна состојба, потполно функционална и подготвена во случај на потреба, своите капацитети да ги стави во функција на заштита на граѓаните.

Мерки на министерствата

Што преземаат министерствата во борбата со заболувањето КОВИД-19, предизвикано од новиот Коронавирус?

Кликнете на амблемите за да дознаете повеќе.

blank
blank
blank
blank
blank
blank
blank
blank
blank
blank