Мерки на Министерство за животна средина и просторно планирање

На оваа страница можете да ги прочитате клучните мерки преземени од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање за борба против КОВИД-19.

Превентивни мерки за заштита

Министерство за животна средина и просторно планирање, согласно новонастаната ситуација со коронавирусот во нашата земја, спроведува превентивна мерка за избегнување физичко присуство во просториите на Министерство за животна средина и просторно планирање. Тоа е во согласност со вонредните мерки што ги воведе Владата на РСМ за период од 14 дена.

Во таа насока, препорачуваме да се сведат на минимум сите состаноци и да намалат сите директни контакти и воедно апелираме до сите корисници на услуги и информации од Министерството да не доаѓаат во просториите на МЖСПП туку да се обратат телефонски на:

  1. 02 3225 237
  2. skj.mzspp@gmail.com
  3. infoeko@moepp.gov.mk

Барања и дозволи

Странките кои ќе сакаат да достават Барања до МЖСПП по електронски пат, во периодот од 14 дена во кој важат мерките на Владата во однос на заштита од корона вирусот,  тоа можат да го сторат на официјалната маил адеса: infoeko@moepp.gov.mk

Истите ќе бидат процесирани како редовно доставени Барања во архива.

Напоменуваме дека Барањата треба да бидат во испратени во еден документ и тоа во pdf формат.

Мерки на министерствата

Што преземаат министерствата во борбата со заболувањето КОВИД-19, предизвикано од новиот Коронавирус?

Кликнете на амблемите за да дознаете повеќе.

blank
blank
blank
blank
blank
blank
blank
blank
blank
blank