Мерки на Министерството за внатрешни работи

На оваа страница можете да ги прочитате клучните мерки преземени од страна на Министерството за внатрешни работи за борба против КОВИД-19.

Задолженија на Министерството за внатрешни работи

Се задолжуваат Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија, во рамките на нивните надлежности, веднаш да пристапат кон спроведувањето на  досегашните донесени мерки и препораки од страна на Владата.

Се задолжува Министерството за внатрешни работи да ги интензивира контролите и проверките на лицата кои се упатени да спроведат самоизолација и за почитување на мерките на Владата и за истото да ја известува Владата на дневна основа.

Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи на секое лице кое ќе ги напушти границите на Република Северна Македонија да му даде да потпише лична изјава дека излегува од државата на своја одговорност и дека е запознаен дека поради пандемијата со коронавирусот голем број земји ги затворија границите и дека е отежнато движењето во странство, заради што државните органи на Република Северна Македонија не можат да гарантираат навремена помош за враќање во земјата.

Се задолжува Министерството за внатрешни работи на секое лице кое ги напушта границите на Република Северна Македонија, да му даде да потпише лична изјава со која ќе се обврзе во наредните три месеци да не се врати назад во Република Северна Македонија.

Се задолжува Министерството за внатрешни работи, возилата на граничната полиција да ги стави на располагање за потребите на Армијата на Република Северна Македонија за мобилните патроли во граничните предели.

Последни информации за преземени контроли

Мерки на министерствата

Што преземаат министерствата во борбата со заболувањето КОВИД-19, предизвикано од новиот Коронавирус?

Кликнете на амблемите за да дознаете повеќе.

blank
blank
blank
blank
blank
blank
blank
blank
blank
blank