Мерки на Министерство за транспорт и врски

На оваа страница можете да ги прочитате клучните мерки преземени од страна на Министерството за транспорт и врски за борба против КОВИД-19.

Транзит на товарен сообраќај за време на полициски час низ државата

За времетраење на полицискиот час дозволено е движење на транспортни средства во рамките на тразнитна постапка со транзитен придружен документ Т1, извоз на стоки со извозен придружен документ EXMK, како и зедничко извозно транзитна постапка.

Превозниците кои се движат во рамките на поедноставена постапка во транзит и поедноставена постапка, локално царинење, при увоз не смеат во никој случај да ја напуштат одобрената локација за времетрање на полицискиот час.

Ова ослободување од ограничување важи за царинските испостави: Табановце, Блаце, Деве Баир, Ќафасан, Делчево, Ново Село, Богородица и Меџитлија. Во рамки на ЦЕФТА, заедно со Транспортниот секретаријат на ЕУ и Европската комисија се договораат протоколи за лесно и безбедно движење на стоките.

Договорено е воведување на размена на информации пред пристигнување и соодветно зелен и син канал за побрз проток на определни стоки и оелснување на транспорт

БАРАЊЕ ЗА ДОЗВОЛА ЗА ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ВОЗАЧИ НА ТОВАРНИ ВОЗИЛА ЗА ВЛЕЗ НА ТЕРИТОРИЈАТA

Барањето за дозвола за професионалните возачи на товарни возила за влез на територијата на Република Северна Македонија треба да ги содржи следниве податоци:

– Основни податоци за компанијата барател (назив, адреса, телефон за контакт);
– Точниот број на дозволи кои ги побарува;
– Лични податоци на возачите за секоја дозвола посебно;
– За секоја барана дозвола да се наведат државите низ кои ќе се врши превозот на стока;
– Да се наведе за колку дена се планира да биде извршен превозот на стока.

Поради сериозноста на настанатата состојба, Ве молиме да имате разбирање дека дозволите нема да се издаваат директно во просториите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, туку со посредство на:

– Асоцијацијата на превозници „Макам Транс“ – Скопје.
e-mail: Info@makamtrans.org.mk тел. за контакт 078/392-020, 070/695-216, 077/817-463, 078/399-019
– СИЗ Македонија Сообраќај АМЕРИТ, ул 506 бр.22 Момин Поток, Скопје.

Лице за контакт Оливера Миовска, e-mail: olivera@amerit.org.mk тел. 071/390-099
Останатите асоцијации на професионални возачи кои би сакале да се вклучат во процесот на посредување за добивање на дозволите, да стапат во контакт задолжените лица во Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

За сите дополнителни информации, лицa за контакт во ДСЗИ:
– Раметула Сефа, тел. 076/445-996, e-mail: rametula.sefa@zdravstvo.gov.mk
– Чедомир Стефановски тел. 078/328-900, e-mail: cedomir.stefanovski@zdravstvo.gov.mk

За сите дополнителни информации можете да се обратите и во Министерството за транспорт и врски :

Елена Атанасовска

Мail: elena.atanasovska@mtc.gov.mk или на 076 484 084

Сашко Едровски

Sasko.edrovski@mtc.gov.mk  или на 075 363 345

Процедури за постапување во синџирот на утовар/растовар и превоз на стока во меѓународниот и внатрешниот превоз

Мерките за заштита од ширење на заразата со КОВИД-19 мора да се спроведува од страна на сите учесници во синџирот на достава на стоки до крајниот корисник за да се запазат сите препораки за лична и колективна одговорност, затоа што процесот на превоз е основен предуслов за ублажување на последиците од настанатата ситуацијата, односно прогласената пандемија.

Превозот на стока е предуслов за задржување на нормалното функционирање на одредено стопанство во услови на кризна состојба. Мерките кои треба да се преземат и почитуваат се на следниот линк.

Информации за граничните премини

Затворени се сите гранични премини во Република Северна Македонија за премин на странски државјани – патници и возила, освен за влез и транзит на товарни возила, за претставниците од дипломатскиот кор во Република Северна Македонија како и за други лица за кои МВР ќе даде дозвола по претходно мислење од Главниот координативен кризен штаб кој ќе потврди дека постои посебен државен или економски интерес.

Овие товарни возила и лица ќе влезат во Република Северна Македонија според посебни правила за заштита согласно протоколот на Министерството за здравство.

Затворени се и двата патнички аеродроми: Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид.

Влез во Република Грција е дозволен само на нивни државјани и на странците со постојан престој во Република Грција.

Товарниот сообраќај ќе се одвива со нормален тек, освен во периодот од 21:00 до 05:00 часот, кога ќе биде забранет сообраќајот за товарни моторни возила за влез и излез во/од Република Грција, а во останатиот период од денот ќе се одвива нормално.

Во Република Косово – сите гранични премини се затворени, освен за државјани на Косово. Покрај забраната за влез на странци во Косово, товарниот сообраќај се одвива нормално за влез и излез.

Во Република Албанија и во Република Србија од 16.03.2020 година забранет е влез за сите странци, вклучувајќи ги и нашите државјани, додека товарниот сообраќај ќе се одвива нормално.

Информации за авиопревозници

Во однос со сите авиолинии, ги замолуваме сите патници да се информираат за рестрикциите воведени од земјите на нивните дестинации, како и кај соодветната авиокомпанија:

За Swiss Airlines:
https://bit.ly/2w50v5R

За Qatar Airways:
https://bit.ly/2WadvC4

За Pegasus Airlines:
https://bit.ly/3cPZn6V

За Fly Dubai:
https://bit.ly/3cXAxC8

За Edelweiss:
https://bit.ly/2U2Wt67

За Austrian Airlines:
https://bit.ly/39MauM4

За LOT:
https://bit.ly/2w3zvUs

За Croatia:
https://bit.ly/2IKNX6A

За AirSerbia:
https://bit.ly/2TNVVCn

За Wizz Air:
https://bit.ly/39SqpbO

За Turkish Airlines:
https://bit.ly/2W9xBMH

Веб-страница на Меѓународниот Аеродром Скопје: http://skp.airports.com.mk/

Мерки на министерствата

Што преземаат министерствата во борбата со заболувањето КОВИД-19, предизвикано од новиот Коронавирус?

Кликнете на амблемите за да дознаете повеќе.

blank
blank
blank
blank
blank
blank
blank
blank
blank
blank