Потребни документи за регулирање на отсуство поради мерки за превенција од вирус COVID-19
атегории на лица кои треба да бидат ослободени од работа и работни активности за следниве состојби, во периодот заклучно до 24 Март, 2020 година:
- Хронични респираторни заболувања;
- Тешки кардиоваскуларни заболувања;
- Дијабет – ТИП1;
- Малигни заболувања;
- Имуно-компромитирачки состојби.
потребно е да приложат потврда од матичен лекар.
Бремени жени кои треба да бидат ослободени од работа и работа и работни активности, потребно е да приложат: потврда од матичен гинеколог.
За вработените лица кои користат оправдано отсуство поради дете во градинка, потребно е да достават доказ/потврда за основот на користење на ова оправдано отсуство:
- потврда издадена од детската градинка дека детето е запишано и редовно посетува градинка или уплатница за платен надомест за престој во детска градинка
- лична писмена изјава
За вработените лица кои користат оправдано отсуство поради дете до 10 годишна возраст или активно четврто одделение во училиште, потребно е да достават доказ/потврда за основот на користење на ова оправдано отсуство:
- копија од патна исправа за возраста на детето или копија од извод од матична книга на родени
- потврда за редовен ученик од образовните институции или копија од свидетелство
- лична писмена изјава
За вработените лица кои користат оправдано отсуство поради дете/лице корисник на услугата дневен центар за лица со попреченост, потребно е да достават доказ/потврда за основот на користење на ова оправдано отсуство: