Советот на Народна банка на Република Северна Македонија направи регулаторни измени со кои што ги релаксира регулаторните барања на деловните банки, со кои се овозможува банките и штедилниците на повеќе начини да им го олеснат финансискиот товар на граѓаните и фирмите погодени од корона кризата.
Олеснувањата можат да бидат:
- Замрзнување или грејс период за отплата на кредитите
- Пролонгирање на исплатата на подолг период (место 180 месеци на 250 месеци)
- Пониска каматна стапка
- Одобрување на нов поповолен кредит за рефинансирање на постоечкиот
- Се зголемува рокот за еден кредит да стане нефункционален од 90 дена на 150 дена.
Сите мерки кои се однесуваат на кредити имаат важност до 30 септември 2020.
Преку користење на мерката, банките можат да ги изменат и олеснат условите под кои се одобрени кредитите без да се склучуваат анекси кон договорите за да нема потреба корисниците на кредитите да одат на шалтери на банки и штедилници.