fbpx

Субвенционирање на 50% од придонесите за вработените во компании од секторите туризам, транспорт и угостителство и други компании погодени од корона вирусот

Мерката директно е насочена да им помогне на компаниите што остваруваат послаб финансиски резултат во 2020 година како резултат на состојбата со коронавирусот. Средствата од субвенции на придонеси претпријатијата ќе ги вратат во 2021 година при пресметка на данокот на добивка за 2020 година, но најмногу до износ од 50% од остварената добивка пред оданочување.

Услови за компанијата да ги добие субвенциите се:

  • Компанијата да не го намали бројот на вработените под бројот на вработени во месец февруари од 2020 година од денот на користење на мерката
  • Компанијата да не исплати дивиденда во текот на 2020 година, до денот на поднесувањето на годишна сметка
  • Компанијата да нема исплатено награда-бонус по влегување во сила на мерката

* Компанија која ја користи мерката за субвенционирање на придонесите поради зголемување на плата до 6.000 денари месечно ќе треба да избере дали ќе ја користи мерката за субвенционирање на придонеси за вработените во компании погодени од коронавирусот со субвенција на плата по вработен во висина до 50% од просечна плата, исплатена во 2019 година или ќе ја користи постојната мерка за субвенционирање на придонесите поради зголемување на плата до 6.000 денари месечно, а изборот ќе биде за секој вработен што ги исполнува условите за двете мерки.