fbpx
blank

14.500 денари помош од АМС за месеците април и мај ќе добијат сите клубови кои имаат регистрирано минимум 15 млади спортисти до 18 години во индивидуалните спортови, односно имаат регистрирано минимум 50 млади спортисти до 18 години во екипните спортови.

млади спортисти до 18 години во индивидуалните спортови

млади спортисти до 18 години во екипните спортови

Сите лица кои спаѓаат во оваа категорија е потребно до 15 април 2020 година, да достават барање за исплаќање на финансиска поддршка по електронски пат до Националната спортска федерација, а потоа Националните спортски федерации во рок од 7 дена ги доставуваат барањата со потребната документација до Агенцијата за млади и спорт.

Формуларот на барањето, уредбата за финансиска поддршка и целокупниот процес ќе биде објавен на веб страната и јавните гласила на Агенција за млади и спорт и Националните спортски федерации.

Дополнителен пакет мерки со кои се олеснува работата и функционирањето на спортските клубови:

blank

Агенцијата за млади и спорт ќе обезбеди финансиски средства за реализација на Националниот спортски систем на сите Национални спортски федерации по завршувањето на кризата до крајот на 2020 година и ќе ги финансира програмите на индивидуалните врвни спортисти на олимписките спортови, односно тренажниот и натпреварувачкиот процес за 2020 година.

blank

Во соработка со федерациите, Агенцијата за млади и спорт ќе ги ослободи клубовите за плаќање годишна членарина или котизација, што клубовите имаат обврска да ја платат до крајот на 2020 година.