fbpx

Во насока на олеснување на условите за работење на компаниите при набавка и дистрибуција на алкохол за медицински цели за изработка на лекови и средства за дезинфекција, донесена е Уредба со законска сила за примена на Законот за акцизите за време на вонредна состојба со која е обезбедено продолжување на рокот за поднесување на гаранцијата за обезбедување на плаќањето на акцизниот долг.

За да се олесни работата на економските оператори, Царинската управа по службена должност го продолжи рокот на важење до 30.09.2020 година, на сите одобренија за поедноставени царински постапки што истекуваат до 31.05.2020 година. Ова значи дека истите се применуваат под услови и критериуми под кои биле издадени, при што компаниите не е потребно да вадат низа пропратни документи од разни институции со цел да ги добијат одобренијата.

blank

За време на траење на полицискиот час, со исполнување на одредени услови (како меѓународен транзитен документ Т1 или извозен придружен документ EXMK), дозволено е движењето на стоки во транзитна постапка и поедноставена постапка на извоз и увоз.

Владата на Република Северна Македонија објави низа одлуки за укинување на царински давачки за увоз на потрошен медицински материјал, лекови и суровини за производство на медицинска опрема. Исто така, донесена е одлука за укинување на царина за замрзнато свинско месо заради стимулирање на домашното производство. Одлуките ќе се применуваат заклучно со завршување на траење на вонредната состојба.

Со член 238 од Царинскиот Закон е регулирано дека на барање на економскиот оператор, царинскиот орган може да одобри одложување на плаќањето на износот на давачките којшто треба ги плати засегнатото лице, за стока декларирана за царинска постапка која вклучува обврска за плаќање на таквите давачки. Така секој економски оператор што увезува стока може да побара одложување на плаќање на царинските давачки (царина, ДДВ и акциза) во рок од 30 дена.

blank

На основа на известување од деловните банки, Царинската управа по службена должност го продолжи рокот на важење на банкарските гаранции до 30.09.2020 година. По службена должност се продолжи рокот на важење на одобренија за одложено плаќање на увозни давачки, за сите иматели за кои рокот на важење на гаранцијата е продолжен по службена должност.

blank

Со оглед на зголемената побарувачка на етил алкохол како основно средство за дезинфекција во борба против КОВИД-19, Царинската управа донесе мерки за поедноставување на постапката на реиздавање на одобренијата за повластени корисници на етил алкохол на установите од јавното и приватното здравство како и на компаниите кои произведуваат средства за дезинфекција.